мини|Јохан Далин за Малме ФФ ин 2011 Јохан Далин (8 септември 1986) е шведски професионален фудбалер кој играл на позицијата голман за тимот на ФФ Малме.Agent: Johan Dahlin forlader FCM, bold.dk, 23 June 2017
Клупска кариера ФК Лин Далин е роден во градот Тролхетан. Тој ја започнал својата сениорска кариера во клубот Осебро ИФ во 2004 година. По една сезона во шведската дивизија 3, тој бил поканет да се пресели во Осло и да тренира со тимот на Лин, а поцна потпишал договор до крајот на сезоната 2009.
Во 2005 година, Далин бил трет избор како голман зад Али Ал-Хабси и Нуно Маркес. Откако и Ал-Хабси и Маркес заминале на крајот на сезоната во зимскиот преоден рок, Далин станал првиот избор на менаџерот Хенинг Берг на позицијата голман пред новодојдениот играч Еди Густафсон. Тој одиграл тринаесет натпревари во првата половина од сезоната 2006. Неговиот прв натпревар бил против екипата ИК Старт на отворањето на норвешката лига на 9 април, натпревар кој завршил со нерешен резултат. По летото, улогите во тимот биле сменети и Далин добивал многу малку време за игра, и тоа само на еден натпревар кога бил замена за повредениот голман Густафсон. По неговите успешни настапи во 2006 година, Далин го добил својот прв повик во шведскиот тим за играчи до 21 година. За тој тим одиграл вкупно шест натпревари таа година.
Во 2007 година, Далин главно бил резерва на Еди Густафсон, забележувајќи само четири настапи цела сезона, и кога станало јасно дека Густафсон ќе биде првиот избор на голот и во 2008 година, тој морал да се согласи на позајмица во шведскиот тим Трелеборгс ФФ. Тој се вратил во тимот на Лин во август 2008 година, откако одиграл четиринаесет настапи во шведската прва лига Алсвенскан.
Малме ФФ На 8 јули 2009 година, Далин бил најавен како играч на ФФ Малме. Тој веднаш станал прв избор како голман и играл во поголемиот дел од натпреварите од остатокот сезоната 2009. Подоцна во сезоната, се покажало дека Далин има хронични болки во грбот поради што не можел да игра на неколку натпревари. Овие проблеми продолжиле во текот на сезоната 2010, а клупските лекари се обидувале да ја минимизираат болката, за да може тој да настапува на преостанатите натпревари до крајот на сезоната. Далин не настапил само на еден и половина натпревар. Во победничката сезона во шведската лига во 2010 година, тој ја сочувал мрежата недопрена цели 15 натпревари.
Проблемите со повредите на Далин продолжиле и во сезоната 2011 по што тој ги пропуштил поголемиот дел од лигашките натпревари, но подоцна се опоравил за да одигра 12 првенствени натпревари, а играл за клубот и во групната фаза од Лигата на Европа УЕФА 2011-12. На 13 јуни 2012 година Далин потпишал нов двегодишен договор со клубот до крајот на сезоната 2014. Во сезоната 2012 Далин не ја чувствуал болката во грбот како пртеходно и одиграл 29 од вкупно 30 натпревари за ФФ Малме. Пропуштил само еден натпревар и тоа поради дибиени три жолти картони.
Во сезоната 2013, Далин одиграл 22 натпревари од 30. Тој пропуштил неколку натпревари поради повреда и накратко бил заменет како прв голман од страна на Робин Олсен.. По неколку добри натпревари на Олсон, тој се вратил помеѓу стативите и успел во наредните 7 натпревари да ја сочува својата мрежа. Далин ги одиграл сите шест натпревари за клубот во квалификациските фази на Лигата на Европа на УЕФА 2013-14. Неговите успешни натпревари во текот на целата сезона му донеле номинација за голман на годината во шведската лига.
Генчербирлиги На 23 декември 2013 година, ФФ Малме го потврдил трансферот на Јохан Далин во турскиот клуб од Супер Лигата, Генчлербирлиги со 4 годишен договор до 2017 година. Преминот бил реализиран на 7 јануари 2014 година кога започнал турскиот преоден рок.
Меѓународна кариера Далин го одиграл својот прв натпревар за репрезентацијата на Шведска против САД во јануари 2009 година. Тој бил избран да биде во тренинг кампот на репрезентацијата на Шведска во јануари 2012 година. За изборот во тимот традиционално се повикуваат најдобрите играчи во шведското првенство како и оние кои настапуваат во другите скандинавски лиги.
Клупска статистика мини|Далин во дресот на Малме ФФ во 2011 година. мини|Далин во дресот наГенчлербирлиги во 2014 година. +Натпревари за различни клубови и постигнати голови во клубови, сезони и натпревариКлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревари ЕвропскиВкупноНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиФК Тролхетан20031000—10Осебро ИФ200418000—180Лин20050000—002006120101014020074000—4020081000—10200913010—140Вкупно3002010330Трелеборг фф (позајмен)200814000—140Малме ФФ200912000—120201029010—30020111200060180201229000—29020132203060310Вкупно1040401201200Генчлербирлиги2013–1410000—1002014–1510000—100Вкупно2000000200ФК Митјиланд2014–1510000—1002015–16400050902016–172503080360Вкупно39030130550Малме ФФ20171101000120201825070140460201929020120430202014060202202021700080150Вкупно8601603601380Вкупно во кариера31202506203930
Меѓународна статистика "Johan Dahlin". EU-Football.info. Retrieved 29 April 2013. +Настапи и голови по репрезентација и година Репрезентација година Натпревари Голови Шведска 2009 година 1 0 2010 година 1 0 2011 година 0 0 2012 година 1 0 2013 година 0 0 2014 година 1 0 Вкупно 4 0
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Тролхетан