Минск (, ) — главниот и најголем град во источноевропската држава Белорусија. Минск се наоѓа на реките Свислач и Њамиха и градот е седиште на Заедницата на независни држави. Како главен град на Белорусија, Минск има специјален административен статус во рамките на Минската област и Минскиот реон. Градот има население од околу 1.830.000 жители и урбаната средина на градот вклучува уште 30 помали градови и брои население од 3.000.000 жители.

Најраниот запис за Минск датира од 11 век, поточно од 1067 година, кога бил провинцијалски град во рамките на кнежевството Полско. Во 1242 година, Минск станал дел од Големото војводство Литванија и за град бил прогласен во 1499 година. Од 1569 градот бил главен град на Минското војводство во рамките на Полско-литванската Државна Заедница. Градот бил анексиран од страна на Русија во 1793 година како директна последица од втората поделба на Полска. Подоцна, од 1919 до 1991 година Минск бил главен град на Белоруската ССР, за да од 1991 стане главен град на независна Република Беларус.

Демографија Пораст на населението

година население 1450 5 000 1654 10 000 1667 2 000 1790 7 000 1811 11 000 1813 3 500 1860 27 000 1897* 91 000 1917* 134 500 1941 300 000 1944 50 000 1959* 509 500 1970* 907 100 година население 1972 1 000 000 1979* 1 276 000 1986 1 500 000 1989* 1 607 000 1999* 1 680 000 2007 1 814 0002008 1 830 000

* попис

Административна поделба

right|260px|Реони на Минск. Моментално Минск е поделен на 9 реона:

Збратимени градови Минск е збратимен со : Милано, Италија Каракас, Венецуела Нотингем, Обединето Кралство (од 1957) Сендај, Јапонија(од 1973) Бангалоре, Индија(од 1973) Лион, Франција(од 1976) Вело Хоризонте, Бразил(од 1987) Детроит, Мичиген, САД Чангчун, Кина(од 1992) Лоѓ, Полска(од 1993) Бон, Германија(од 1993) Ајндховен, Холандија(од 1994) Душанбе, Таџикистан(од 1998) Кишињев, Молдавија(од 2000) Хавана, Куба(од 2005) Техеран, Иран (од 2006) Абу Даби, ОАЕ (од 2007) Анкара, Турција(од 2007) Бишкек, Киргистан(од 2008) Хо Ши Мин, Виетнам(ос 2008) Рига, Латвија(од 2009) Катманду, Непал

Наводи

Поврзано Белорусија Минска област Мински реон

Надворешни врски

Ноќен живот на Минск Стара минска архитектура и споменици Мински центар - јавна камера Туристички инфо центар Историски знаменитости во градот од В. Шарков Галерија со фотографии, 2010 Минско време Карта на Минск MinskINFO - сè за градот Траги од II светска војна во Минск Infobelarus

Категорија:Градови во Белорусија Категорија:Главни градови во Европа Категорија:Области во Белорусија Категорија:Градови-херои на Советскиот Сојуз Категорија:Населени места основани во 11 век