Свети Атанасиј или Свети Атанас — уништена црква во селото Нов Истевник.

Местоположба Црквата се наоѓа на околу 1 км североисточно од селото.

Историја Храмот бил изграден во 1936 година. Иконите биле изработени во XX век и се дело на истакнатиот зограф Гаврил Атанасов. Црквата не била живописана.

Црквата наполно изгорела во август 2021 година за време на големиот стихиен пожар во селото.

Архитектура Градбата на црквата имала правоаголна основа со апсида на источната страна. Главниот влез бил сместен на западната страна, а храмот имал спореден влез на јужната страна до којашто била прилепена трпезаријата.

Во дворот на црквата биле сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата се издига јужно од црквата, во непосредна близина на трпезаријата. Таа има квадратна основа со влез на источната страна и по еден голем правоаголен отвор на секоја од четирите страни. Покриена е со пирамидален кров од ќерамиди.

Галерија

Поврзано Нов Истевник Брегалничка епархија Делчевско архијерејско намесништво

Наводи

Надворешни врски

Нов Истевник Категорија:Поранешни цркви во Македонија