Дагон ― поток, односно река која е изворишна челенка на Грекајска Река на планината Кораб. Извира од повеќе бујни издашни извори во циркот Ујт Калар високо на билото на планината Кораб, под гребенот на кој се наоѓа Изгревно Езеро и сртот помеѓу Цигански Премин и Боази, по што протекува со силно и бујно течение кон исток низ долината Чапарец, помеѓу врвовите Кабаш на север и Махијаемада (Спасенов Рид) на југ. Во долината Чапарец на излезот од голото планинско било има неколку помали водопади, а во густата шума на Чапарец постои и еден голем водопад висок околу 5 метри со неколку слапови и издлабени лонци во карпите. Се спојува со повремениот поток во суводината која протекува под Пралуга и се влева во Грекајска Река непосредно веднаш на запад под селото Нивиште.

Галерија

Поврзано Кораб Изгревно Езеро

Наводи

Категорија:Реки во Македонија Категорија:Кораб