мини|десно|250п|Излетничкото место „Коњарка“ Коњарка — излетничко место источно од селото Скочивир.

Географија Низ излетничкото место „Коњарка“ тече Коњарска Река, десна притока на Црна Река. По вливот на Коњарска Река во Црна Река, од север започнува Скочивирската Клисура, најдолгата клисура во Македонија. Од ловниот дом започнува планинскиот пат до Кајмакчалан, долг 25,5 километри.

Уредување Излетничкото место било целосно уредено од страна на Општина Новаци и претставува едно од најпопуларните излетнички места во овој дел на Македонија.„Коњарка – Излетничко место во близина на село Скочивир – фото галерија“. Оф Роуд - Македонија. Во јули 2019 година започнало асфалтирање на патот од селото Скочивир до излетничкото место во должина од 3 км, а проектот финансиски бил поддржан од Јавното претпријатија за државни патишта во соработка со Општина Новаци.„Започна да се асфалтира патниот правец од с. Скочивир до река Коњарка “. Општина Новаци. 18 јули 2019.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Општина Новаци Категорија:Скочивир