Свети Ѓорѓи – главна селска црква во селото Рибарци.
Местоположба Црквата се наоѓа во крајниот западен дел од селото, на црковна тумба на највисокот место во селото.„Цркви“. Visit Pelagonia.
Историја Црквата е изградена во 1862 година, била срушена за време на Првата светска војна, повторно изградена во 1936 година, а обновена во 1971 година. Храмот за последен пат бил обновен во 2000/2003 година.„Рибарци “. Мој Роден Крај.
Архитектура Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со слепи ниши. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто има табла со податоци за изградбата на храмот. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со лимен кров.
Дворот на црквата е ограден со железна ограда и во него се сместени камбанаријата, селските гробишта и помошен објект. Камбанаријата има примитивен изглед и се состои од железен столб на којшто е врзано ѕвоното и е покриен со лимен кров.
Галерија
Поврзано Рибарци Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Новачка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Рибарци (Битолско) Рибарци