Христијан Тодоровски-Карпош (, 3 септември 1921 — 7 февруари 1944, Билјача, Прешевско) — македонски комунист и истакнат македонски партизан од НОВ.„Македонска енциклопедија“, Скопје, 2009, книга II, стр. 1490. Бил прогласен за Народен херој на Југославија на 29 јули 1945 година,„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 379 како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Стеван Наумов - Стив, Орце Николов, Страшо Пинџур, Мирче Ацев и Кузман Јосифовски - Питу).

Животопис мини|лево|Спомен-куќа на Христијан Тодоровски-Карпош во Куманово Како ученик станал член на СКОЈ уште од 1939 година. Поради неговите прогресивни идеи, бил избркан од средното училиште и не му било допуштено да се запише во било кое друго средно училиште во тогашното Кралство Југославија.

Учество во НОБ Во 1941 година учествува во прибирање на оружје, растурање на памфлети и дистрибуција на билтенот „Дедо Иван“, кој бил издаван од страна на градската партизанска организација.

Се истакнал како организатор на Народноослободителната антифашистичка војска на Македонија (НОАВМ). Бил член на Козјачкиот партизански одред од 12 октомври 1941 година и член на партизанскиот штаб од Куманово. Откако одредот бил разбиен, преминувал во Вториот јужноморавски одред и Кукавичкиот одред, наизменично (1942-43). На 26 јуни 1943 година станал командант на Кумановскиот партизански одред, кој постепeно нараснувал и на 1 декември 1943 година бил официјално преименуван во Прв кумановски баталјон „Јордан Николов – Орце“.Македонска енциклопедија, Скопје, 2009, книга II, стр 1490.

мини|десно|Христијан Тодоровски-Карпош со своите воени другари, меѓу кои Ацо Шопов и Вера Јоциќ на Козјак 1943 Бил убиен од страна на бугарскиот окупатор на 7 февруари 1944 г. за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште во селото Билјача, Прешевско.

Во негова чест се испеани неколку партизански песни: „Битка се бие кумановско поле“, „Давај ме, мила мамо, давај ме“ и „Горо ле, горо зелена“. Покрај тоа, Ацо Шопов му посветил две песни од својата стихозбирка „Песни“ од 1944 година: „Карпош“Ацо Шопов, „Карпош“ и „Борбата на Дренак“,Ацо Шопов, „Борбата на Дренак“ а го спомнува и во „Марш на Трета македонска бригада“, напишана исто така во 1944 година.

Исто така, една од општините во Скопје, Општина Карпош, го добила името во негова чест.

Галерија

Биста на народниот херој Христијан Тодоровски - Карпош пред истоименото училиште во селото Драгоманце

Поврзано Петар Карпош — востаникот што го инспирирал прекарот Спомен-куќа на Христијан Тодоровски-Карпош

Наводи

Литература

„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 375-379 Stanoje Filipović, "Hristijan Todorovski: Životni put i revolucionarno delo", 1978

Категорија:Родени во 1921 година Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Луѓе од Куманово Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Народни херои на Југославија од Македонија Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна