Куково Градиште — градиште од доцноантичко време во атарот на селото Кнежево, Македонија. На зарамнетото плато со простор од 100 на 80 метри на високиот рид што се наоѓа на 1 километар источно од селското училиште се гледаат остатоци од масивни темели на бедем ѕидан од камен и варов малтер. Речиси по целата површина има фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.
Поврзано Кнежево; Список на археолошки наоѓалишта во Кратовско.
Наводи
Категорија:Кнежево