Коленец — археолошко наоѓалиште во кратовското село Шлегово. Претставува населба од доцноантичко време. На северниот раб на селото, во нивите што зафаќаат простор од 200 × 200 метра, се среќаваат парчиња од тегули и тули, а на места биле откривани темели од објекти. Биле откопани десетина питоси и неколку римски и византиски монти.
Поврзано Кула — градиште од доцноантичко време; Во Селото — населба и некропола од римското време; Список на археолошки наоѓалишта во Кратовско.
Наводи