Ијирак или Сатурн XXII (22), е мал напредна неправилна месечина на Сатурн. Откриен бил во 2000 година од тимот на Брет Гледман, Џон Џ. Кавеларс и др., и му била дадена привремената ознака .IAUC 7521: S/2000 S 5, S/2000 S 6 November 18, 2000 (discovery)MPEC 2000-Y14: S/2000 S 3, S/2000 S 4, S/2000 S 5, S/2000 S 6, S/2000 S 10 December 19, 2000 (discovery and ephemeris) Името го добил во 2003 година по ијирак, суштество во Инуитската митологија.IAUC 8177: Satellites of Jupiter, Saturn, Uranus August 8, 2003 (naming the moon) мини|300x300пкс| Неправилни напредни групи на сателити на Сатурн: Инуитска (сина) и Галска (црвена). Орбиталното занесување е претставено со жолти делови кои се протегаат од перицентарот до апоцентарот . Ијирак кружи околу Сатурн на просечно растојание од 11,1 гигаметри за 451 ден, со орбита многу слична на таа на Кивиук. Се верува дека Ијирак е во Козаиева резонанца: неговата орбита циклично го намалува наклонот додека ја зголемува занесеноста и обратно. Орбиталниот аргумент на перицентарот осцилира на околу 90° со амплитуда од 60°.
Физички одлики Иако Ијирак е член на Инуитската група на нерегуларни сателити, неодамна било забележано дека е изразито поцрвен од Палијак, Сијарнак и Кивиук. Неговата спектрална косина (мерка за рефлексија на телото во функција на брановата должина) е двојно пострмна од таа на другите сателити од Инуитска група (20% на 100 nm), што е карактеристично за црвени заднептунски тела како Седна, но ги нема кај неправилните сателити. Исто така, во спектарот на ИјиракThe genitive form of Ijiraq is Ijiraup. Thus the adjectival form could be absolutive Ijiraqian or genitive Ijiraupian, parallel to nominative Venusian and genitive Venerian for Venus. See Inuktitut morphology нема слаба апсорпција од приближно 0,7 μm (а е пронајдена кај другите три тела) што најверојатно се должи на водена хидратација.
Име Ијирак го добил името во 2003 година по Ијирак, суштество од Инуитската митологија.
Кавелаарс, астроном од Мекмастер Универзитетот, го предложил имево со цел да се престане со именувањето на астрономските тела по ликови од грчко-римската митологија и карактери од ренесансните дела. Поминал неколку месеци во обид да најде имиња кои би биле и мултикултурни и канадски, но не успеал да најде ништо соодветно. Во март 2001 година, додека им читал приказна за Инуитите на своите деца, конечно го нашол тоа што го барал. Ијирак играл криенка, а истото го правеле и овие мали месечини на Сатурн: тешко е да се најдат и се ладни како канадскиот арктик (во тимот на откривачи имало канаѓани, норвежани и исланѓани). Кавелаарс стапил во контакт со авторот на приказната, Мајкл Кусугак, за да добие негова согласност, а тој, исто така, ги предложил имињата за Кивиук и 90377 Седна.
Наводи
Категорија:Астрономски тела откриени во 2000 година Категорија:Откритија на Брет Гледман Категорија:Неправилни месечини Категорија:Сатурнови месечини Категорија:Инуитска група