Св. Недела — црква во охридското село Волино, Општина Дебрца. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.

Темелите на црквата се осветени на 18 септември 1994, а црквата е осветена на 17 јули 2005 година од страна на митрополитот Тимотеј Дебарско-кичевски. Изградена е со средства на мештаните и други дарители. Фреските се дело на Драган Ристески и М. Лечиќ.

Црковниот двор, кој се протега од двете страни на патот, е партерно уреден со патеки и фонтана.

Поврзано Дебарско-кичевска епархија Охридско архијерејско намесништво

Наводи

Волино