„Оливер Месечковски и кошмарниот лилјак-грицкалче“ (англиски: Oliver Moon and the nipperbat nightmare) е книга за деца од британската писателка Су Монгредин (Sue Mongredien). Книгата е објавена во 2007 година од издавачката куќа „Азборн паблишинг“ (Usborne Publishing Ltd.), додека во Македонија, таа е издадена од Три во 2010 година, а во превод на Марија Среброва и Мирјана Буразер.Су Монгредин, Оливер Месечковски и кошмарниот лилјак-грицкалче, Скопје: Три, 2010.
Технички одлики Книгата е со обем од 20 сантиметри, има 96 страници и, покрај текстот, содржи илустрации, коишто се дело на Јан Мекаферти. Лектурата на текстот ја извршила Васка Кочовска, а технички уредник е Славко Јовановски. Книгата е испечатена во печатницата „Графотрејд“. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4577-87-4.
Содржина Книгата содржи шест глави, во кои се опишани доживувањата на детето Оливер Месечковски кое учи во училиштето за вештери. На Ноќта на вештерките завршува учебната година, а Оливер е одреден да го чува училишното милениче, лилјакот Грицко. Меѓутоа, поради палавоста на неговата помала сестра, Грицко предизвикува вистински кошмар.
Наводи
Категорија:Дела на Су Монгредин Категорија:Англиски романи Категорија:Романи за деца Категорија:Изданија на Три Категорија:Книги од 2007 година Категорија:Појавено во 2010 година во Македонија