мини|Фотографија од Маргарет Кволи Сара Маргарет Кволи (родена на 23 октомври 1994 година) — американска глумица. Доаѓа од филмско семејство. Нејзината мајка е глумицата Енди Мекдауел, а татко Пол Кволи. Како млада се занимавала со балет и сакала да биде модел. Нејзиното прво појавување во мала улога го имала во филмот Пало Алто во 2013 година, а дека има талент се покажала во серијата „Остатоците“ (2014–2017) на HBO каде се здобила со признание за улогата на проблематичен тинејџер.
Во 2019 година, таа добила признание за нејзината улога во биографската минисерија за глумицата и танчерка Ен Реинкинг на FX Fosse/Verdon, за која била и номинирана за наградите Еми. Се појавила во филмовите Добри момци (2016), Тетратка на смртта (2017), Си било еднаш во Холивуд (2019) и во видеоиграта Death Stranding. Во 2021 година, таа глуми во познатата минисерија на Нетфликс, Слугинката.
Ран живот и образование Сара Маргарет Кволи е родена на 23 октомври 1994 година во Калиспел, Монтана - Соединетите Американски Држави. Потекнува од познато семејство. Ќерка е на глумицата и модел Енди Мекдауел и поранешниот модел Пол Кволи. Таа има постар брат Џастин и сестра Рејни .
Кога Маргарет имала 4 години заедно со семејството се преселиле од Мисула, Монтана во Ешвил, Северна Каролина. Нејзините родителите се разделиле кога таа имала пет години, а таа го делела времето подеднакво со нив. Нејзините родители живееле блиску едни до други, на само 5 километри. Таа живееле со нејзиниот татко во Северна Каролина.
Како тинејџерка живеела во Ешвил, Северна Каролина, а таа и нејзината сестра го имале своето деби на Bal des débutantes во Париз. На свои 14 години се решила да учи балет во Училиштето за уметности во Северна Каролина. Тренирала како балерина, играјќи во Американскиот балетски театар и паралелно студирајќи во Професионалното детско училиште во Њујорк. Меѓутоа, на 16-годишна возраст, по понудата да волонтира во танцовиот театар во Северна Каролина, Кволи реши да се откаже од балет. За да остане во Њујорк, таа започна да работи како модел. За овој период, Кволи вели: „И напишав на мајка ми велејќи: „Види, мислам дека повеќе не сакам да бидам балерина, па затоа ќе го напуштам балетот и ќе останам овде. Овој и овој приход ќе го имам следната недела.'' Го напишав на начин што таа не можеше да каже не затоа што бев многу организирана.“ Подоцна го промени својот фокус кон глумењето и беше дел од летната програма на Royal Academy of Dramatic Art во Лондон.Кволи беше дел и одNew York Universityно го напушти по само еден семестар.
Кариера
Моделство Во 2011 година, на 16 години Кволи настапи како модел на модната недела во Њујорк, носејќи парчиња облека од Алберта Ферети. Таа беше модел за време на модната недела во Париз, за колекциите за пролет/лето 2012 година носејќи модни парчиња од познатите светски модни куќи Валентино и Шанел. Таа повторно на модната писта се појави во креации за Шанел на нивното модно шоу за колекцијата есен/зима 2012 година. Кволи позираше за светските списанија како што се Vogue, W, Teen Vogue, Interview, Vanity Fair. Кволи се појави во кампањата на Ралф Лорен за колекцијата есен/зима 2016 година, снимена од Стивен Мајзел.
Од 2015 година, таа потпиша договори со IMG Models и Uno Models Barcelona.
Глума Нејзиното прво појавување на малите екрани со мала улога беше во филмот на Гиа Копола Пало Алто. Во 2013 година, улогата ја има добиено по случајност кога била на снимање кај нејзиното тогашно момче, Нет Волф
Во јуни 2013 година, Кволи глумеше во телевизиската серија The Leftovers, во која успешно ја повтори улогата на Џил Гарви во втора и трета сезона во 2015 и 2017 година. лево|мини| Кволи во Сан Диего 2017 година Следно нејзино појаување беше во комедијата на Шејн Блек од 2016 година „Убавите момци“ . Во април 2016 година, им се придружи на глумечката екипа „Исчезнувањето на Сидни Хол “ на Шон Кристенсен. Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал Санденс 2017 година, заедно со друг нејзин филм, Novitiate . Во Novitiate, Кволи глуми сестра Кетлин, млада жена која почнува да ја преиспитува својата вера додека пробува да биде калуѓерка. Филмот беше објавен на 27 октомври 2017 година. Истата година, Кволи глумела во Death Note, во режија на Адам Вингард .
Во 2018 година, заедно со Џејми Бел и Френк Грило, Кволи се појави во филмот Донибрук, во режија на Тим Сатон. Филмот ја имаше својата премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто 2018 година.
Во 2019 година, Кволи глуми во научнофантастичниот филм на Нетфликс IO. Филмот беше режиран од Џонатан Хеперт и беше објавен на 18 јануари 2019 година. Таа ја играше Сем Волден.
Во 2019 година, Кволи ја и игра улогата на Мери Далтон во филмот Native Son на HBO. Во 2019 година, Кволи ја портретираше и глумицата и танчерка Ен Реинкинг во мини-серијата на FX Fosse/Verdon, за која доби и номинација за наградата Primetime Emmy за најдобра споредна женска улога во серија или филм . Таа потоа се појави во филмот на Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“, глумејќи еден член на семејството Менсон по име Пусикет. За филмот, Кволи беше номинирана за Screen Actors Guild Award Таа исто така глумеше во Себерг заедно со Кристен Стјуарт и Џек О'Конел во режија на Бенедикт Ендрјус .
Во 2020 година, Кволи глумеше во Wake Up, краток филм во режија на Оливија Вајлд, и во играниот филм My Salinger Year, заедно со Сигурни Вивер во режија на Филип Фалардо, кој ја имаше својата светска премиера на Меѓународниот филмски фестивал во февруари 2020 во Берлин.
Во 2021 година, Кволи глумеше во мини серијата Maid базирана на мемоарите на Стефани Ленд за Нетфликс .
Следната улога ќе и биде во психолошкиот трилер A Head Full of Ghosts во режија на Скот Купер; и во Ѕвездите на пладне со Џо Алвин во режија на Клер Денис .
Во други медиуми Во 2015 година, Кволи се појави во краткиот промотивен филм L'Américaine за американската модна етикета Tory Burch . Во 2016 година, Кволи се појави како централен лик во реклама за KENZO World во режија на Spike Jonze ; во кореографија на Рајан Хефингтон. Во 2017 година Кволи и нејзината сестра Рејни се појавија во спотот за синглот на Соко „Sweet Sound of Ignorance“.
На 29 мај 2019 година, беше објавено дека Кволи ќе ја игра улогата на „Мама“ во видео играта на PlayStation 4, Death Stranding на Хидео Коџима. Таа го играше и ликот на Локн, сестрата близначка на мама.
Личен живот Од Лос Анџелес каде живеела со нејзината сетра и куче Букс, во ноември 2019 година, Кволи преселува во Њујорк. Кволи во една изјава ја опиша нејзината сестра како „мојот идол, мојот најдобар пријател во целиот свет“.
Во 2020 година таа започна да се забавува со глумецот Шија Лабеф, откако заедно глумеа во краткото музичко видео на нејзината сестра Рејни „Love Me Like You Hate Me“. Во декемеври 2020 Кволи доби критики, откаксе појави во јавност со Лебеф, кратко откако неговата поранешна девојка поднесе тужба против него за сексуална навреда и напад. Набргу потоа, врската заврши во јануари 2021 година. Во септември, Кволи изјавува дека верува во тврдењата во поранешната девојка на Лебеф.
Филмографија Телевизија година Наслов Улога Белешки Платформа за содржина 2014–2017 година Остатоците Џил Гарви Главна улога HBO 2018 година Asesinato en el Hormiguero Express Самата Телевизиски специјален Антена 3 2019 година Фосе/Вердон Ен Реинкинг Минисерии FX 2021 година Слугинката Александра „Алекс“ Расел Главна улога Нетфликс
Видеоигри година Наслов Гласовна улога Белешки 2019 година Death Stranding Мама / Локн Обезбеден е и 3D-модел и снимање на движење за двата лика
Музички видеа година Наслов на песна Уметник директор Белешки 2017 година Сладок звук на незнаењето Соко Соко Како танчерка маскота со сестрата Рејни Кволи 2019 година Само за твоите очи Кашмирска мачка Џејк Шрајер Танцуваше како принцезата Мачка со помош на снимање на движење Емоции 2020 година Сакај ме како да ме мразиш Рејнсфорд Лук Тарнер (со посебна благодарност до Оливија Вајлд ) Танцуваше со Шија Лабеф
Кратки видеа година Наслов Улога директор Белешки 2015 година L'Américaine Девојка Дијана Агрон За париската колекција на лимитирана едиција на Тори Бурч 2016 година Светот на Кензо Маргарет (танчерка) Спајк Јонзе За парфемот на Кензо Девојка од соништата Нора Лорен Карис Кохан За слободни луѓе 2018 година Светлосни суштества Девојче Лилјак за трепки (Наташа Кан) За очила DITA 2020 година Разбуди се Џејн До Оливија Вајлд За HP
Награди и номинации година Награда Категорија Работа Резултат 2019 година Primetime Emmy награди Извонредна споредна женска улога во ограничена серија или филм Фосе/Вердон| Победничка 2020 година Телевизиски награди од изборот на критичарите Победничка Награди на здружението на глумците на екранот Извонредна изведба на глумица во филм Победничка 2021 година награда Ирис Најдобра глумица Победничка Charles-Henri Ramond, "La déesse des mouches à feu en tête des nominations". Films du Québec, April 26, 2021.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Американски глумци Категорија:Американски филмски глумци