Св. Никола — главна црква во струшкото село Подгорци, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Струшкото архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.
Изградена е во 1845, а живописана во 1847 година, за времето на султанот Абдул Меџид I. Осветена е од митрополитот Дионисиј Преспански и Охридски (на службата од 1847 до 1858 г.). Иконостасот е дело на зографи од Галичник.
Во текот на мај и јули 2018 г. е реставриран фрескописот во црквата.Заврши реставрациjата во храмот „Свети Никола“ во Подгорци, strugaonline.mk
Поврзано Ложанска парохија Струшко архијерејско намесништво
Наводи
Подгорци