Св. Никола Арбанашки — средновековна црква во урнатини, сместена градот Охрид. Му припаѓа на Струшкото архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.
Историја Остатоците од црквата се наоѓаат на ул. „Кузман Капидан“ (старо име „Страшо Пинџур“) бр. 16-а, во дворот на семејството Чобановци, во горниот дел на маалото Варош. Изградена е во текот на средновековието. Забележано е дека пропаднала во урнатини уште во 1930-тите.
Опис Од храомт се зачувани делови од источниот апсидален дел. Ѕидана е од делкан камен и фрагментирани тули. Во ѕидаријата има сполии (архитектонски елементи) од антички објекти, особено од старата базилика на Плаошник, сместена на билото на запад.
Поврзано Прва охридска парохија Охридско архијерејско намесништво
Наводи
Охрид, Арбанашки Категорија:Урнатини во Македонија