Медат Куртовски (р. , ) — македонски професор по англиски јазик и политичар од редовите на СДСМ. Тој моментално е градоначалник на Општина Маврово и Ростуше.
Животопис Образование и наставна кариера Своето основно образование го завршил во родното село во ОУ „Блаже Конески“. Средно образование завршил во ЦСНО „Здравко Чочковски“ во Могорче. Дипломирал на насоката англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. После завршување на факултетот работел како професор по англиски јазик во повеќе основни училишта.
Политички живот На локалните избори во 2017 година бил избран за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше. На 17 октомври 2021 година, за време на локалните избри, Куртовски победил во првиот круг и станал градоначалник на Општина Маврово и Ростуше. Тој ја претставувал коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ.
Приватен живот Медат Куртовски е оженет и е татко на две деца.
Наводи
Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Градоначалници на Општина Маврово и Ростуше Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје