мини|Движења за време на војната на Римјаните со Волските, 389 г. п.н.е. Екетра (латински: Ecetra) ― гратче на древното племе Волски во средишниот дел на Апенинскиот Полуостров. Неговата местоположба повеќе не е позната.

Се споменува од Тит Ливиј во 495 п.н.е. во контекст на неуспешната Волска инвазија врз Рим. Ливиј вели дека по победата на Римјаните, амбасадорите на Екетра побарале мир од римскиот сенат, кој се согласил врз основа на тоа дека екетриските земји му биле отстапени на Рим.Тит Ливиј, Книга за основањето на Градот (Ab Urbe Condita Libri), 2.25 http://latin.packhum.org/loc/914/1/85/1171-1177

Во 464 п.н.е. Екетрите се здружиле со Аеките и се побуниле против Рим. Херниките го предупредиле Рим на предавството и Римјаните на крајот победиле.

Наводи

Категорија:Археолошки наоѓалишта во Италија Категорија:Волски Категорија:Италски археолошки наоѓалишта