Молитва во Маслиновата Гора — маниристичко масло на платно насликано од Ел Греко (Доменикос Теотокопулос) во 1590 година во Толедо. На оваа слика е прикажан Исус во Маслиновата Гора, настан од на животот на Исус кој е опишан во Новиот завет со кој започнуваат Исусовите страсти.
Одлики Страдањата на Христос е една од најчестите теми на сликите на Ел Греко. На оваа слика, тој изложува длабоко духовна сцена во која Исус паднал во силна екстаза и ги подигнал очите кон небото. На левата страна е ангел кој држи чаша, додека облакот под него ја опкружува пештерата Тројцата апостоли Петар, Јован и Јаков, кои спиеле, додека во десниот агол се препознаваат ликовите на Јуда Искариотски кој ги води војниците да го уапсат МесијатаSlužbena stranica slike, Nacionalna galerija, London Pristupljeno 5. lipnja 2018..
Пределот е особено сув и без вегетација, теренот е ридест, а зад Исус се издвојува една карпа која зафаќа голем дел од сликата. Секој елемент на сликата е поврзан и сликата нема симетрија. Фигурата ја истакнува фигурата на Исус со неговото тело свртено кон ангел кој заедно со Исус и трите намалени фигури зад Исус формираат дијагонална композиција José Álvarez Lopera, El Greco, Madrid, Arlanza, 2005., Biblioteca «Descubrir el Arte», (colección «Grandes maestros») , но композицијата е подинамична. Главните оски на композицијата се одредуваат со движењето на светлината што се чини дека доаѓа од ангелите и формира неколку независни рамки во кои има тонови на други бои. Основните бои, црвена, сина и жолта, се истакнуваат како три светли акценти кои им се спротивставуваат со придушените, темнокафеави тонови на околинатаJadranka Damjanov, Likovna umjetnost 1., Školska knjiga Zagreb, 1971., str. 33. . Според описите Исус се потел со крвава пот, па неговата црвена наметка можеби го симболизира токму тоа. Боите се претежно пастелни, но сепак изразени и во меѓусебното преплетување создаваат облици кои заради искинатоста, делуваат речиси апстрактно. Површината на сликата изгледа мека, како да е насликана на свилени платна.
Ел Греко сакал да ја нагласи големината и моќта на ангелот кој го претставува божественото, а притоа да ги намали ликовите на војниците кои го претставуваат човечкото. Исто така, фигурите на учениците од левата страна имаат необично извиткани тела и се обвиткани во елипсовидна рамка од облаци, што ја претставува нивната збунетост и страв. Христос е „вкомпониран“ во пирамидата, а спиралното движење на неговата облека продолжува и се шири во длабочина. Волуменот се отвора во просторот со разни расчленувања и движења на ликовите, а просторот се вовлекува во волумените поради остриот, речиси метален, контраст на светлината и темнината. Секој облик има свое движење, исто како што има свој простор, светлина и боја, а нивниот меѓусебен однос резултира со општо движење кое никаде не се разрешува. Искривувањето на линиите и изразената динамика, контрастот на боите, како и играта на светлината и сенката, ја зголемуваат драматичноста која е присутна во прикажаниот миг. Сликата не е рамна, но исто така не е строго тридимензионално дефинирана, создавајќи илузија на длабочина и простор воопшто. Сето ова создава надреален впечаток за сцената.
Ова дело можеби најдобро ги претставува одликите на маниризмот. Ел Греко, и покрај силните влијанија, а може да се препознаат влијанијата на Тицијан, Тинторето и Басан, развива силен личен стил.
Ел Греко насликал и други, главно вертикални верзии на оваа тема:
Наводи
Категорија:Уметнички слики од 1590-тите Категорија:Слики од Ел Греко Категорија:Слики во Националната галерија во Лондон