Аниште — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Отошница. Претставува населба од доцноантичкото време. На 500 м северно од патот Куманово-Крива Паланка, на тераса над Блидешка Река, во нивата на еден жител кој е од соседното село Ранковце, се гледаат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал односно делкани камени блокови.

Поврзано Градиште — градиште од доцноантичкото време; Грамади — населба од доцноантичкото време; Лиске — населба од доцноантичко време; Могила — некропола од римското време; Отошница; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи