Свети Ѓорѓи — манастирска црква на Бучинскиот манастир во крушевското село Бучин, Македонија.
Црквата е сместена северозападно од селото Бучин, помеѓу двата железнички тунела на неактивната линија Бакарно Гумно-Сопотница, до која води земјен пат.
Местоположба
Црквата се наоѓа во месноста Манастириште, сместена 2 километри северозападно од селото, на една падина. Покрај манастирот се наоѓала чешмата Јанкоец.
Историја
Податоците од мештаните говорат дека црквата била подигната кон крајот на век, но трипати била палена од турскиот аскер. Иако била исто толку пати обновувана, последниот изгорела до темел и останала така. Дури во 1980-тите години на иницијатива на дедо Јонче Мишески била обновена црквата на изгорените темели, обраснати со трева и капини.
Галерија
Поврзано Крушевско-демирхисарско архијерејско намесништво Бучинска парохија Бучин
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Бучин Категорија:Бучински манастир Бучин