Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во крушевското село Врбоец, Македонија.
Црквата се наоѓа во самото село. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
Црквата е сместена во средишниот дел на селото.
Историја
Градбата на црквата започнала во 1966 година, а била завршена во 1977 година, кога била и осветена. Црквата била осветена од пелагонискиот епископ Ангелариј.
Архитектура
Црквата е еднокорабна градба, со полукружна апсида на источната страна.
Галерија
Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прва кривогаштанска парохија Врбоец
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Врбоец Врбоец