Свети Атанасиј – помала селска црква во битолското село Цапари, Македонија.

Местоположба

Црквата е сместена на патот од Цапари за манастирската црква „Св. Петка“.

Историја

Изградена е на крајот од XIX век, додека Јован Трифуноски запишал дека црквата била подигната во 1920-тите на местото на некое црквиште.

Доколку се водиме од натпис на една икона црквата потекнува од 1630 година.

Архитектура

Претставува мала еднокорабна камена црква со западна галерија.

Црквата е во добра состојба и се забележува дека бил променет покривот од камени плочи со ќерамиди. Како несоодветен елемент се забележува поставената натстрешница од лим над влезот.

Фрескоживопис

Црквата не поседува живопис.

Галерија

Поврзано Ресенско архијерејско намесништво Прва ресенска парохија Цапари

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Цапари