„Ноќта на генералите“ (англиски: The night of the generals) — британско-француско-американски филм од 1967 година во режија на Анатол Литвак. Главните улоги ги играат: Улоге: Омар Шариф, Питер О'Тул, Доналд Плезенс и Чарлс Греј.IMDb, The Night of the Generals (пристапено на 22.12.2021)
Синопсис Во 1942 година, во Варшава, садистички е убиена една полска проститутка. За истрагата е задолжен мајорот Грау, агент на германската разузнавачка служба, кој верува во правдата. За време на убиството, откако се слушнал врисокот на жртвата, сведоците забележале дека зградата ја напуштил еден германски генерал. Истрагата покажува дека тројца генерали немаат алиби за таа ноќ: Танц, Клаус Каленберге и фон Сајдлиц-Габлер. Тие тројца избегнуваат да се сретнат со мајорот Грау и така стануваат сомнителни како можните извршители на убиството. Две години подоцна, мајорот ги среќава тројцата генерали во Париз и тој ја продолжува истрагата. Најпосле, приказната завршува во 1965 година во Хамбург каде се случува слично злосторство.
Наводи
Категорија:Филмови од 1967 година Категорија:Француски филмови Категорија:Британски филмови Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Анатол Литвак Категорија:Филмови со Омар Шариф Категорија:Филмови со Питер О'Тул Категорија:Филмови со Доналд Плезенс Категорија:Филмови со Чарлс Греј Категорија:Филмови поврзани со убиства Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Варшава Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Париз Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Хамбург