Свети Ѓорѓи — главна селска црква во мариовското село Чаниште, Македонија.Црквата во „Картата на верски објекти во Македонија“ и во други извори погрешно е именувана како Света Петка.

Местоположба

Црквата се наоѓа во јужниот дел на селото, кај поранешното селско училиште. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.

Историја

Според ктиторскиот натпис на јужниот ѕид, храмот е изграден во 1870 година.

Истиот натпис вели дека црквата била поправена во 1929 година.

Архитектура

Црквата е еднокорабна градба, засводена со полуобличест свод и полукружна апсида на источната страна.

Фрескоживопис

Црквата добила живопис во 1882 година.

Галерија

Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Чаниште

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Храмови посветени на Свети Ѓорѓи во Македонија Категорија:Појавено во 1870 година