мини|250п|десно|Петтосводниот Хенлиски мост на Темза и Леандерскиот клуб (најлево) мини|250п|десно|Хенли на Темза од игралиштето близу железничката станица Хенли на Темза (анг. Henley-on-Thames) — град на северниот брег на реката Темза во јужен Оксфордшир, Англија, околу 16 км низводно и североисточно од Рединг, 16 км спротиводно и западно од Мејденхед. Се наоѓа билзу аголот помеѓу грофовиите Оксфордшир, Беркшир и Бакингемшир.

Историја Хенли го среќаваме во Книгата на Судниот ден во 1086 како Хенлеј. Бил во поседство на Чертсиската опатија. Средствата биле: 5½ кожи. 1 црква, 6 плуга, 4 акри ливади, корија вредна 50 крмака. Проценето на тогашни £5.Сурејска Книга на судниот ден

Хенли на Темза ѝ должи многу на својата местоположба и пристаниште кое го снабдувало Лондон со дрвена граѓа и житни култури.

Градби Хенлиски мост е мост со пет свода преку реката изграден во 1786. Црквата Св. Мери се наоѓа недалеку од тука и има кула изградена во XVI век.

Во околината на Хенли се наоѓаат неколку значајни приватни градби: Фолиски Двор - градба од тули конструирана од архитектот Кристофер Рен. Гринлендс со својот денешен изглед благодарение на В. Х. Смит и денес во него се наоѓа Хенлискиот менаџментски колеџ

Денес Хенли е место добро поврзано со Лондон за оние кои не живеат во градот. Градот има своја железничка станица, со директни линии до Лондон Падингтон во најпрометните часови. Вон тие часови до таму се стигнува со менување на возот на Твифорд. покрај ова има и ескпресни магистрални линии од блиското место Рединг до Падингтон и Хај Викам со пристап до Лондон Мерилебон. Со малку возење по автопатот M40 може да се стигне директно во градот или на Хилингдон за Лондонското метро.

Градот има музеј основан во 1998, наречен Речен и веслачки музеј, кој е во Мил Медоус и е контруиран од архитектот Дејвид Чиперфилд. Музејот ги покрива тематиките Темза, веслањето како спорт и самиот град. Бил официјално отворен од кралицата Елизабета II.

Веслачка регата Хенли е светски познат центар на спортското веслање, каде секое лето се одржува т.н. Хенлиска кралска регата, важен друштвен настан за луѓето од средните и високите класи. Се одржува на место каде реката е природно права. Настанот станал кралски во 1851. таа година принцот Алберт станал покровител (патрон) на регатата. Интересно место е т.н. Храмски Остров, кој е мал остров на реката на кој е изграден архитектонски каприц.

На истото место се одржуваат и повеќе други регати и трки во веслање.

Локалните веслачки клубови се:

Горнотемски веслачки клуб Хенлиски веслачки клуб Леандерски веслачки клуб (дом на олимписки и светски шампиони) Веслачки клуб Филис Корт

Збратимени градови 25px Фалез, Франција, од 1973 25px Лајхлинген, Германија, од 1979

Наводи

Надворешни врски Хенли Градски совет на Хенли на Темза - историја Организација на Хенли на Темза Месечен водич низ случките во Хенли Туристички портал Хенли Стандард , локален весник Речен и веслачки музеј Хенлиска кралска регата Хенлиски младински фестивал, март секоја година

Категорија:Градови во Оксфордшир Категорија:Темза Категорија:Веслање