Св. Великомаченик Димитриј — црква во прилепското село Царевиќ, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е изградена во 1899 година, што се знае од зачуваниот ферман за нејзината изградба. Претставува еднокорабна градба со полукружен свод и полукружна апсида на исток, однадвор расчленета на пет слепи ниши. На западната страна има женска црква. Олтарниот простор е зографисан со фрески.
Слики
Поврзано Плетварско-беловодичка парохија Прилепско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Царевиќ