Втор конгрес на НОМСМ (Народноослободителен младински сојуз на Македонија) ― конгрес одржан од 6 до 8 јануари, 1945 година во ослободено Скопје.
Учесници мини|Еден од делегатите на Вториот Конгрес на НОМСМ На Конгресот присуствувале голем број делегати од трите делови на Македонија, претставници на антифашистичката младина на балканските земји: Албанија, Грција и Бугарија, на Советската младина, младината од федералните единици на Демократска Федеративна Југославија, како и претставници на англиската воена мисија.
Биле поднесени три реферати, а пред младината тој ги поставил следните задачи:
организационо доградување и јакнење на НОМСМ, преку формирање на одбори на НОМСМ, на оние места каде не биле сè уште формирани. Разни форми на дејствување и основање на разни секции организирање на аналфабетски, санитетски и други курсеви формирање на работни чети и бригади и нивно вклучување во обновата и изградбата на разурнатите села и градови
Поврзано
Прв конгрес на НОМСМ Народноослободителен младински сојуз на Македонија Бунт на Скопското кале
Наводи
Литература
Владо Иваноски, Активноста на СКОЈ и Народната младина на Македонија за време на НОВ, 1941–1945, посебно издание, Скопје, 1980 Д-р Симо Младеновски, Младината од Македонија во НОБ, Скопје, 1983