Св. Илија — црква и манастир во прилепското село Дрен. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Дренскиот манастир е сместен на 1 км јужно од селото. Изграден е во текот на XIX век, но на почетокот на XX век црквата била во урнатини, и од неа е зачуван само престолот. Се смета дека манастирот бил уништен од Турци. Во 1950 г. благодарение на ктиторот Цветко Георгиоски е изградена мала црквичка, каде мештаните се собирале на Илинден и Арангеловден. Подоцна на нејзино место е изграден поголем грам, осветен на 2 август 1972 г. од митрополитот Методиј Дебарско-кичевски. Во 2008 г. таа црква е срушена, па на 7 јуни 2008 г. се осветени темелите на новиот манастирски храм. Завршената црква е осветена на 26 април 2014 г. од митрополитот Петар Преспанско-пелагониски.
Поврзано Плетварско-беловодичка парохија Битолско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Манастири во Прилепското архијерејско намесништво Дрен