Реката Марумбиџи е главна притока на реката Мари која припаѓа на таканареченит слив на Мари и Дарлинг, и е втора по должина река во Австралија. Тече низ австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс и Австралиската Престолнинска Територија. Тече претежно во насока запад-северозапад од подножјето на Пеперкорн Хил во Огнениот Венец на Снежните Планини до нејзиново влевање со реката Мари во близина на Граничниот Свијок .

На Вираџурски јазик (еден од месните јазици на Австралиските абориџини) зборот Марумбиџи или Марамбидја значи „голема вода“.

Тек Главниот тек на речниот систем изнесува 900 км. Изворот на реката се наоѓа во подножјето на Пеперкорн Хилл кој е во рамките на Снежните Планини (кои пак се дел од Австралиските Алпи). Од изворот тече до вливот во реката Мари. Во својот тек поминува 66 км низ Австралиската Престолнинска Територија и покрај Канбера, каде што во неа се влеваат реките Гуџенби, Квинбејан, Молонго и Реките Котер. Во Марумбиџи се влеваат голем дел од реките од јужниот дел на Нов Јужен Велс и сите реки од Австралиската Престолнинска Територија, и таа е важен извор на вода за наводнување за земјоделската област Риверина.

Во близина на изворот на реката Марумбиџи во 1960 година била изградена браната Тантагара, и оваа брана одзема голем дел од водата (речиси 50%) што се влева во Марумбиџи од пролетното топење на снегот затоа што 99% од водите на реката Марумбиџи во тој дел од реката се пренасочуваат во езерото Еукумбе."eflow panel 1997" Ова лошо се одразува врз рибите и другиот жив свет во реката. Кога Марумбиџи влегува во Австралиската Престолнинска Територија количината на вода е практично половина од онаа што ја имала реката пред изградбата на браната.

Една студија наведува дека дел од речното корито во горниот дел на реката е релативно нови во геолошка смисла, и датира од раниот миоцен (миоценската ера била од пред 23 до пред 5 милиони години). Се претпоставува дека Горниот Марумбиџи е анагранка на реката Тумут (која некогаш течела на север), а по геолошките издигнувања во близина на Адаминаби нејзиниот тек бил пренасочен. По Гундагаи, реките течат по првобитното корито.

Истражување Во 1820 година, истражувачот Чарлс Трозби го известил гувернерот на Нов Јужен Велс дека очекува да најде „голема солена река“, која што домородците ја нарекувале Мар-рам-биг-џи.Official Year Book of the Commonwealth of Australia, 1931 (ABS cat. no. 1301.0) Реката до која наишол всушност била реката Молонло. Трозби стигнал до Марумбиџи во април 1821 година.Reed, A. W., Place-names of New South Wales: Their Origins and Meanings, (Reed: 1969).

Во 1823 година, Бригадниот мајор Џон Овенс и Капетанот Марк Кари стигнале до горниот тек на Марумбиџи додека вршеле истражување јужно од Езерото Џорџ. Во 1829 година, Чарлс Стурт со својата група веслал по долниот на реката Марумбиџи.

Областите по течението на Марумбиџи почнале да се населуваат во 1830-тите и наскоро станале важна земјоделска област. десно|мини| Споменикот на Чарлс Стурт на Вага плажата во Вага Вага

Поплави мини|Реката Марумбиџи во големата поплава во декември 2010 година и маркер за поплави кој ја покажува висината на поплавите во 1974 година во Вага Вага Водостојот на реката во Гундагаи надминал 7 метри девет пати во периодот помеѓу 1852 и 2010 година, во просек еднаш на секои единаесет години. Во 1974 година и во декември 2010 година водостојот на реката се искачил на 10,2 метри во близина на Гундагаи. Во катастрофата од 1852 година, водостојот на реката се искачил на нешто повеќе од 12,2 метри, а следната година на нешто повеќе од 12,5 метри. Со Изградбата на браната Бурињук во 1907 година поплавите значително се намалиле, но сепак имало големи поплави во 1925, 1950, 1974 и 2012 година.

Најпозната е поплавата во 1852 година кога градот Гундагаи бил однесен и 89 луѓе (една третина од населението) загинале. Подоцна градот бил повторно изграден на повисоко место.

Во 1925 година, загинале четири лица, а поплавите траеле осум дена.Australian Government Emergency Management database

Мочуришта Поголеми мочуришта долж Марумбиџи или поврзани со сливот на Марумбиџи се:NSW Department of Natural Resources Murrumbidgee Region

Лоубидџи Блатото, 2000 квадратни километри помеѓу Мод и Балраналд Мочуриштата во средината на Марумбиџи по течението на реката од Нарандера до Каратул Мочуриштата Фајвбо и Такербил Томнис Плејн Микалонг мочуриште Езерото Џорџ Јаук Црното Блато и Блатото Куперс Големото Баџа Блато

Населени места

Тарва Канбера Југионг Гундагаи Вага Вага Нарандера Јанко Литон Дарлингтон Поинт Хеј Балраналд

Слики

Поврзано Список на реки во Нов Јужен Велс Список на реки во Австралиската Престолнинска Територија Слив на Мари и Дарлинг

Наводи

Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Притоки на реката Мари Категорија:Реки во Австралиската Престолнинска Територија Категорија:Реки во Нов Јужен Велс Категорија:Река Марумбиџи