Денот на Австралија е официјален национален ден на Австралија. Се прославува на 26 јануари кога се одбележува пристигнувањето на Првата флота во Сиднеј Ков во 1788 година. На овој ден била основана првата колонија од Европјаните и Артур Филип (првиот гувернер на Нов Јужен Велс) го подигнал Британскито знаме.
Денес во Австралија, прославите имаат за цел да го рефлектираат различното општество на нацијата.
Во минатото различните сојузни држави во Австралија имале свој посебен датум кој бил од историско значење за таа сојузна држава. Порано овој датум бил познат под различни имиња како Ден на годишнината, Ден на основањето и Ден на АНА. На 26 јануари 1788 година се одбележува прогласувањето на британскиот суверенитет над источниот брег од Австралија (познат во тоа време како Нова Холандија). Овој ден почнал да се слави како Ден на Австралија еден век подоцна, но сепак има записи за одржување на прослави на 26 јануари од 1808 година, а првата официјална прослава на основањето на Нов Јужен Велс се одржала во 1818 година. На 1 јануари 1901 година, британските колонии во Австралија се здружиле во федерација, што всушност значи раѓање на модерна Австралија. Бил потребен национален ден со кој заеднички ќе се прославува единството. Во 1935 година, бил усвоен терминот „Ден на Австралија“ од сите австралиски држави и територии за да се одбележи датумот, а дури во 1994 година тој датум бил прогласен за државен празник на сите сојузни држави и територии.
Во современа Австралија, празникот се одбележува со доделување на наградите „Австралијанец на годината“ и обраќање на Генералниот гувернер и премиерот. Во повеќето градови ширум Австралија има фестивали, концерти и церемонии. Денот на Австралија стана најголемиот годишен граѓански настан во Австралија.National Australia Day Council Annual Report 2010–11 p. 3
Домородните австралијанци овој датум го сметаат како инвазија на земјата од страна на Британците и почеток на колонизацијата. Тие се против тоа овој ден да се слави како национален празник. 26 јануари го нарекуваат Ден на инвазијата, Ден на опстанокот или Ден на жалост. Затоа повикуваат да се смени датумот, или целосно да се укине празникот. Сепак, Австралијанците кои се за промена на датумот се малцинство.
Современи прослави Од 1988 година, учеството на граѓаните во прославувањето на Денот на Австралија постојано се зголемува. Од 1994 година сите држави и територии за прв пат почнале заеднички да го прославуваат како државен празник. Пред тоа, некои држави го прославувале државниот празник во понеделник или петок за има продолжен викенд. лево|мини| 500.000 луѓе го гледаат огнометот во Перт на Денот на Австралија во 2006 година Ширум Австралија се одржуваат концерти на отворено, се прават скари, се одржуваат спортски натпревари, фестивали и огномети. Овие официјални настани се претставени од Националниот совет за денот на Австралија, кој е официјален совет или комитет во секоја држава и територија и од локални комитети.
Наводи
Категорија:Празници во јануари Категорија:Денови на државноста Категорија:Празници во Австралија Категорија:Летни настани во Австралија Категорија:Празници на 26 јануари Категорија:CS1: јулијанско-грегоријанска датумска несигурност