Свети Никола — главна селска и гробишна црква во битолското село Драгош, Македонија.

Местоположба

Црквата е гробишен храм, сместен во западниот дел на селото.

Историја

Црквата е подигната околу 1860 година, а претходно на истото место се наоѓала постара црквичка.

Според натписот над главниот влез се дознава дека црквата е подигната во октомври 1859 година.

Архитектура

Дворот со гробиштата има двојна порта, изградена во 1889 година. Храмот претставува релативно голема трикорабна градба со полукружна апсида на исток, во чиј долен дел има девет плитки украсни ниши.

Поголемиот дел од црквата, освен аглите, привратните делови и прозорците е изѕидан од обичен кршен камен. Подоцна од југ е доѕидан затворен трем. Внатрешноста е поделена на три кораба од два реда столбови.

Фрескоживопис

Храмот не е живописан.

Иконостас и икони

Има голем обичен иконостас од три реда. По стилските особеости престолните и апостолските икони се датират од средината на XIX век, дело на месни зографи.

Галерија

Поврзано Битолско архијерејско намесништво Бистричка парохија Драгош

Наводи

Надворешни врски

Драгош