Св. Петка — црква во демирхисарското село Света, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е гробишен храм, сместен веднаш јужно од селото. Според натписот над јужниот влез, црквата е изградена во 1970 г. и го споменува нејзиниот ктитор и тогашен свештеник. Подигната е врз темели на средновековната црква „Св. Пантелејмон“. Според месното предание, Турците ја запалиле таа црква бидејќи во олтарот нашле бочви вино кои жителите ги скриле со намера да не платат ушур (данок) за лозје.

Околу црквата се откриени средновековни гробови градени од камени плочи, со насоченост исток-запад. Во сегашната црква се наоѓа чесна трпеза од мермерен блок со натпис посветен на жител од селото. Во дворот има и воени гробишта од Првата светска војна кои бугарската војска ги подигнала за своите загинати војници.

Поврзано Бучинска парохија Крушевско-демирхисарско архијерејско намесништво

Наводи

Света