Св. Петка — црква во битолското село Лисолај, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Претставува енориски храм на Лисолајската парохија.

Црквата е главен и гробишен храм, сместен на еден километар источно од селото. Изградена е во 1865 година врз темели на стара црква. Претставува голема камена базилика со полуклружна апсида на исток. На запад подоцна е дограден затворен трем. На југозапад има голема куловидна камбанарија, исто така изградена подоцна.

Поврзано Лисолајска парохија Битолско архијерејско намесништво

Наводи

Лисолај