Св. Илија — црква во скопското село Ракотинци, Општина Сопиште, храм на Ракотинскиот манастир. Му припаѓа на Јужноскопското архијерејско намесништво во Скопската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е изградена во 1875 г. од архимандритот Јоаникиј Ракотински, кој во поново време е прогласен за светец. Комплексот е осветен во 1890 г. од митрополитот Теодосиј Гологанов. Црквата е корабна и има припрата. Соборен ден е Илинден, кој во минатото привлекувал верници од Скопје и селата во областа Каршијак.

Поврзано Ракотински манастир Јужноскопско архијерејско намесништво

Наводи

Ракотинци