мини|десно|Мадам де Стал Ана-Луиза Жермена, баронеса де Стал-Холштајн (), позната како Мадам де Стал (; - ) — истакната француска писателка, ќерка на видниот книжевник Жак Некер. Во 1810 година ја напиша книгата - манифест „За Германија“, која Наполеон ја забранил, затоа што авторот се восхитува на германската филозофија и литература. Ја сметаат за основоположник на францускиот романтизам. Таа е политичар со напредни идеи, пистаелка и теоретичарка на книжевноста, претставува интересна и за периодот во кој живеела доста либерална и конфликтна личност. Нејзините романи се надоврзување на предромантичарските романи. Романот на стравот и ужасот („црниот роман“), и сентименталните романи со клиширани љубовни заплети, мошне омилени кај најшироката читателска публика во тоа време. Нејзиниот бурен живот како да го навестува вкупниот сензибилитет на романтизмот и на XIX век, „векот кој сакаше да се обраќа во прво лице“, како што велат критичарите за романтизмот. Како теоретичар на литературата („Есеј за измисленото, Книжевноста по однос на институциите и За книжевноста“), таа се залага за роман кој своите ликови би ги довел во поцврста врска со стварноста, а нив би ги направил поуверливи одошто се во сентименталните, љубовни „лимонади“.Учебник по македонски јазик и литература за III година за реформираното гимназиско образование - стр. 17

Во делото „За книжевноста“ таа ја споредува литературата на западните со литературата на источните народи и доаѓа до заклучок дека тие се разликуваат по вкус и дух. Со тоа и задава смртен удар на класицистичката теорија, која тврдеше дека литературата мора да им се покорува на едни исти закони, без разлика на емстото на настанувањето на делото. Во романите (Делфин и Корина), таа застапува први феминистички гледишта, со што жестоко го критикува машкото општество во кое за жените нема место освен како сопруги и љубовници. Романите имаат голем успех во тоа време, бидејќи се целосно либерални: се залагаат за уништување на култот на браковите, кои доколку не се среќни стануваат стега која треба да се поднесува цел живот; го критикуваат машкото општество во кое жените не можат да најдат своие место според интелектуалните умствени способности и ја воведуваат подоцна омилената тема кај романтичарите - правилото на страст, како и темата на несреќната и невозвратената љубов која произлегува од тоа кога страста целосно загосподарува со животот на човекот. Поради своите напредни гледишта и за општеството и за книжевноста (давање предност на личноста, поединечноста, чуваствата и страста кои ниедно општество не ги сака оти не може да ги контролира), таа голем дел од својот живот ќе помине во прогонство, сметана за непријател на Наполеон Бонапарт.Учебник по македонски јазик и литература за III година за реформираното гимназиско образование - стр. 18

Наводи

Категорија:Француски писатели Категорија:Личности од Француската револуција Категорија:Француски филозофи Категорија:Филозофи од 18 век Категорија:Филозофи од 19 век Категорија:Родени во 1766 година Категорија:Починати во 1817 година Категорија:Починати во Париз Категорија:Француски феминистки Категорија:Француски романописци