Прчинога — археолошко наоѓалиште во прилепското село Дуње. Претставува населба од неолитското и доцноантичкото време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа на околу 700 метра западно од селото, во рамнината покрај Дуњска Река, на една блага падина.

Опис

На наоѓалиштето поретко се среќаваат фрагменти од праисториска керамика и камени орудија, за разлика од доцноантичките кои се во голем број. Исто така, големо е присуството на градежни материјали (кршен камен, тегули и сл.).

Поврзано Баево Трло — некропола од римското време; Грамаѓе - Голем Дол — населба од римското време; Дејчин Гроб — населба од доцноантичкото време; Малево Село - Лигураса — населба од римското време; Трпчева Црква — населба, црква и некропола од средниот век; Големиот Рид — населба и некропола од античкото време; Милошева Тумба — населба од железното време; Радорид — тумули од железното време; и Шкретови Плочи — населба од античкото време. Дуње; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Дуње