Воведение на Пресвета Богородица — селска црква во прилепското село Кривогаштани, Македонија.

Црквата се наоѓа во јужниот дел на селото Кривогаштани.

Местоположба

Црквата е сместена во селото Кривогаштани, на патот за селото Пресил. Во близина на црквата се наоѓаат остатоци на стари гробови.

Историја

Црквата била подигната во 1990 година врз темели на стара црква, како што има потврдено за старото црквиште и Јован Трифуноски во своите истражувања на селото во 1952 година. Во внатрешноста на црквата, старата црква е обележана со темни керамички плочки. Црквата била осветена во 1996 година од страна на митрополитите Петар Преспанско-пелагониски и Стефан Брегалнички.

Архитектура

Црквата има еднокорабна градба, со полукружна апсида на источната страна.

Галерија

Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прва кривогаштанска парохија Кривогаштани

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Кривогаштани Кривогаштани