Тирено-Адријатико 2021 — 56. издание на велосипедската етапна трка Тирено-Адријатико, која се одржала помеѓу 10 и 16 март како петти настан во сезоната на Светската турнеја.
Екипи
Бидејќи Тирено-Адријатико е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Шест професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи. Секоја екипа настапила со по седум возачи, со што на почетокот имало 175 возачи. Од овие возачи, 159 ја завршиле трката.
Рута
Етапи Етапа 1
Етапа 2
Етапа 3
Етапа 4
Етапа 5
Етапа 6
Етапа 7
Завршен пласман
Поредок
Етапа ПобедникГенерален пласман25пБодовен пласман25пПланински пласман25пПласман за млад возач25пЕкипен пласман 1 Ваут ван Ерт Ваут ван Ерт Ваут ван Ерт Винченцо Албанезе Матија Баис 2 Жилијан Алафилип Павел Сиваков 3 Матје ван дер Пул Тадеј Погачар 4 Тадеј Погачар Тадеј Погачар Тадеј Погачар 5 Матје ван дер Пул 6 Мадс Вирц Шмит 7 Ваут ван Ерт На крај Тадеј Погачар Ваут ван Ерт Тадеј Погачар Тадеј Погачар
На втората и третата етапа, Кејлеб Јуан, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел виолетовата маичка, бидејќи првопласираниот Ваут ван Ерт ја носел сината маичка како предводник на генералниот пласман. На четвртата етапа, Давиде Балерини, кој бил четврти во бодовниот пласман, ја носел виолетовата маичка, бидејќи првопласираниот Ваут ван Ерт ја носел сината маичка како предводник на генералниот пласман, второпласираниот Матје ван дер Пул носел маичка како холандски национален друмски првак, а третопласираниот Жилијан Алафилип носел маичка како светски друмски првак. На петтата и седмата етапа, Мадс Вирц Шмит, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Тадеј Погачар ја носел сината маичка како предводник на генералниот пласман. На шестата етапа, Вирц Шмит, кој паднал на третото место во планинскиот пласман, уште ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Тадеј Погачар ја носел сината маичка, а второпласираниот Матје ван дер Пул носел маичка како холандски национален друмски првак. На петтата етапа, Жоао Алмеида, кој бил трет во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Тадеј Погачар ја носел сината маичка како предводник на генералниот пласман, а второпласираниот Серхио Игита носел маичка како колумбиски национален друмски првак. На шестата и седмата етапа, Еган Бернал, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Тадеј Погачар ја носел сината маичка како предводник на генералниот пласман.
Список на учесници
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Тирено-Адријатико Категорија:Светска турнеја на UCI 2021 Категорија:Италија во 2021 година