Христо Галабов некаде се сретнува и како Христо Галбов (грчки: Хρεστος Γκαλμπος) ( во , Костурско — ) — македонски револуционер, член на ВМРО (Обединета), активист на македонското националноослободително движење во Егејскиот дел на Македонија.Литовски, Александар, Јубилеен календар за егејскиот дел на македонија во 2008, Организација на македонците-потомци од Егејскиот дял на Македонија - Битола, стр. 7 (pdf)

Животопис Во 1925 година станал член на синдикатите, а набрзо и синдикален раководител. Член на КПГ станал во 1919 година. Од 1934 година станал член и заменик секретар на ВМРО (Обединета) во Егејскиот дел на Македонија. Поради својата револуционерона дејност, многупати бил затворан и интерниран. Во грчките затвори лежел повеќе од дваесет години.

По доаѓањето на власт на диктатурата Метаксас во август 1936 година. Новиот режим ги прогласил КПГ и ВМРО (Обединета) за нелегални и ги вовела големите масовни апсења, гонења и интернирања кон нивните членови. Меѓу погодените од ова биле Андреа Чипов, Лазо Трповски, Христо Галабов, Трифун Хаџијанев, Алеко Тенекеџиев, Фоти Урумов и Коста Думов. Така нагло згаснало и постоењето на ВМРО (Обединета) во грчка окупирана Македонија.

Поврзано

ВМРО (Обединета)

Наводи

Надворешни врски

Не сме Грци, Македонци сме! Андреја Чипов

Категорија:Дејци на ВМРО (Обединета) Категорија:Политичари од КПГ