мини|Фотографија на европски зајак во природа Јепуријада или Зечијада е ловечко-туристичка манифестација која се одржува секоја година од 2001 година во селото Тополовник РТС: „Зечијада у Тополовнику“, 1. 12. 2008., Посетено на 17. 3. 2013. во општина Велико Градиште.ТВ Дуга САТ: Јепуријада (зечијада) – Тополовник – 17.12.2011.(други део) , 30. 11. 2011., Посетено на 17. 3. 2013.

Идејата за организирање на ловечка манифестација во организација на Ловното друштво „Голуб“ од Велико Градиште, а во договор со одговорните членови на ловечката секција на Тополовник, првпат се реализира во октомври 2001 година, по што манифестацијата започнала да се организира секоја година. Домаќин на манифестацијата е Тополовник. Манифестацијата која вклучува натпревар во подготовка на ловечки гулаш од јепура (зајак), со дружење и забава.ТО Велико Градиште: Јепуријада, Посетено на 17. 3. 2013.

На влашкиот јазик зајакот се нарекува jeпур, долгоушеста и брзонога ѕверка, па оттука e името „јепуријада“ или зечијада. Јепуријадата од 2006 година е во календарот на манифестации на Ловниот сојуз на Србија, во официјалната туристичка понуда на општина Велико Градиште е од 2009 година.Ловачке приче: Јепуријада - Зечијада, 23. 5. 2011., Посетено на 17. 3. 2013.

Манифестацијата е пропратена со културно-уметничка програма која ја негува народната традиција, избор на најдобри ученички литературни и ликовни изработки на тема лов,Сребрно језеро: „Јепуријада у периоду септембар/децембар“, 18. 5. 2011., Посетено на 17. 3. 2013. изложба на ловечки трофеи, со прикажување на ловечки кучиња со цел собирање на луѓе од целиот свет, промоција на селскиот туризам и заживување на селото. Се одржува во последната сабота во ноември и трае цел ден, додека не се прогласи победникот во правење на гулаш од зајаци.

Ловиштата околу Тополовник се со големина од 1.800 хектари и се погодни за лов на различни видови на дивеч, како што се потполошки, фазани, еребици, зајаци, срни, додека диви свињи има само на поминување. Сезоната на лов на зајаци трае од 16 октомври до 31 декември, со тоа што од 15 до 31 декември дозволено е да се фаќаат само живи зајаци.

Наводи

Категорија:Манифестации во Србија Категорија:Општина Велико Градиште Категорија:Српски фестивали на храната