Христо Андонов Полјански (Дојран, - , ) — македонски историчар, ректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје (1984-1985), долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, признат научник, проучувач на историјата на македонскиот народ.

Животопис Основното и средното образование и Филозофскиот факултет (на Група историја) ги завршил во Скопје. Бил избран за асистент на Катедрата за историја (1953), докторирал (1958), бил избран за доцент (1959), за вонреден професор (1966), а потоа за редовен професор (1970) по предметот Општа историја на новиот век. Бил продекан (1960-1963), шеф на Катедрата за историја (1971-1974 и 1974-1976) и ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј (1984-1985).

Како професор дал евидентен придонес за создавање стручни и наставно-научни кадри. Истражувал во земјата и во странство. Дел од архивската документација објавил во одделни зборници на документи, како што се трите тома „Британски документи за историјата на македонскиот народ“. Учествувал на научни собири во земјата и во странство. Неговото научно дело се состои од над 500 единици стручни и научни трудови, монографии научни статии и прилози, рецензии, библиографии и др.

Автор е на 463 библиографски единици, од кои 40 се книги Македонска Енциклопедија. Од неговите трудови посебно се издвојуваат шесте томови за Гоце Делчев, „Британската библиографија за Македонија“, „Странскиот печат за Илинденското востание“, „Британски документи за историјата на македонскиот народ“, „Гоце Делчев и неговото време“ и итн.

Добитник е на наградите „АВНОЈ“ и „11 Октомври“.

Наводи

Надворешни врски „Европските држави и македонското прашање“ Христо Андонов Полјански на службената страница на Филозофски факултет - Скопје ()

Категорија:Луѓе од Стар Дојран Категорија:Македонски историчари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски ректори Категорија:Југословенски историчари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски ректори Категорија:Ректори на УКИМ Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“