Типаза (порано Тефесет (Tefessedt), ченуанско берберски: Базар, ⴱⴰⵣⴰⵔ, ) ― главен град на покраината Типаза, Алжир. Кога бил дел од Римската Империја бил наречен Типаса. Современиот град е основан во 1857 година и е главно извонреден по своите антички урнатини и песочното приморје.
Историја
Античка историја Типаса, како што тогаш бил нарекуван градот, бил старо пунско трговско место, освоено од Рим. Подоцна бил претворен во воена колонија од страна на императорот Клавдиј за освојување на кралствата во Мавританија.Unesco-page
Потоа станал општина (муникипиум) наречена Колонија Елија Типасенсис (Colonia Aelia Tipasensis), која достигнала население од 20.000 жители во четвртиот век според Стефан Гсел.
Градот служел како важен христијанско средиште во последните векови од римското владеење, со три базилики.
Типаша бил уништен од вандалите во 430 н.е., но бил реконструиран од Римјаните еден век подоцна. На крајот на седмиот век градот бил срушен од силите на Омеидите и претворен во урнатини.
Во деветнаесеттиот век местото повторно било населено. Сега тоа е град со речиси 30.000 жители. Градот е важно туристичко место во современ Алжир, главно поради урнатините во Типаса.
Денешно време Во близина на Типаза, долгобрановиот предавател Типаза емитува радио програми на Канал 3 на француски јазик од Алжирското радиодифузно друштво. Долгобранова честота 252 kHz може да биде добро примен во многу делови на Европа.
Градот и неговата околина се дом на најголемата група од западен Алжир што зборува берберски јазик, Ченуаци.
Станицата Типаза во 252 kHz претходно не бил во функција од 17 март 2014 година, но емитува повторно на 252 kHz.see - tuned to 252khz, од 22 септември 2015.
Галерија
Поврзано
Список на светилници во Алжир Типаса Покраина Типаза Алжир
Наводи
Надворешни врски
Музеј Типаса Место на УНЕСКО
Категорија:Светско наследство во Алжир Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Феникиски колонии во Алжир Категорија:Светилници во Алжир Категорија:Берберски населени места Категорија:Археолошки наоѓалишта во Алжир Категорија:Градови во Алжир Категорија:Населени места основани во 1857 година