Цицвара — вид храна, составен дел на српската, црногорската, крајишката и источнохерцеговската кујна. Се подготвува од жолто или бело пченкарно брашно со додавање на кајмак (скорупа). При подготовката мора да се внимава растопениот кајмак да биде под површината. Јадењето настанало на Дурмитор како Божиќна чест.
Се сервира во чинии. Се јаде со лажица. По желба се прелева со мед. Како прилог се служат компири и леб.
Со задоволство се става пред гостите (во Црна Гора со исечена свинска пршута, претставува најголема можна чест за оној пред кој се става).
Начин на подготовка и состојки Потребни состојки:
½ л вода 200 гр зрел кајмак 200 гр пченкарно брашно
Кајмакот ставете го во жешка вода и ставете на шпорет да се вари на тивок оган. Кога водата ќе зоврие, полека додавајте го пченкарното брашно и полека мешајте со дрвена лажица додека цицварата не се згусне. Доколку користите инстант качамак, варете онолку колку што пишува на кесичката.
Поврзано Белмуж Качамак Попара
Наводи
Извори Политика: Добра цицвара за сите гости
Категорија:Храна Категорија:Црногорска кујна Категорија:Српска кујна Категорија:Јадења