Вилфред Ндиди (роден на 16 декември 1996 година, во Лагос) — нигериски фудбалер, на Бешикташ и на нигериската репрезентација.
Биографија Во мај 2019, Ндиди се оженил со својата долгогодишна девојка Динма Форчјун во Абуџа.
Во 2019 година, Ндиди започнал да студира за диплома за бизнис и менаџмент на Универзитетот Де Монфорт.
Технички карактеристики Тој претежно игра како дефанзивен играч за врска пред одбраната. Тактички дисциплиниран играч подготвен максимално да ја изврши задачата доверена од тренерот, физички силен, максимално борбен, отпорен, а меѓу неговите најсилни страни е враќањето на топката во посед на неговата екипа и силниот удар. Доколку е потребно, тој може да игра и како централен дефанзивец.
Клупска кариера Генк На 14 јануари 2015, на возраст од 19 години, Ндиди направил трансфер во Европа потпишувајќи за Генк, откако белгискиот клуб му платил 180.000 евра на неговиот дотогашен клуб Нат Бојс Академи од Нигерија. Петтнаесет дена подоцна по комплетирањето на трансферот, Ндиди го направил своето деби за Генк во Белгиската Про лига, во поразот со 1-0 од Шарлероа. Тој ги одигра првите 74 минути од ова гостување, пред да биде заменет од Јарне Вријсен.
За време на натпреварот од плејофот во белгиската лига против Клуб Бриж, Ндиди постигнал гол од далечина, кој подоцна бил прогласен за гол на сезоната во белгиското првенство. Откако добил еден дуел за освојување на топката надвор од шеснаесетникот, тој потоа непречено ја подигнал топката над противничкиот играч пред да упати жесток волеј во горниот десен агол. Проценките биле дека топката патувала со над 111 км/ч. Во дресот на Генк тој поминал две години од јануари 2015 до истиот месец 2017, забележувајќи вкупно 83 настапи и 7 голови.
Лестер Сити На 3 декември 2016 година, Генк се согласил да го продаде Ндиди за сума од 17 милиони фунти на Лестер Сити. Трансферот бил комплетиран на 5 јануари 2017.
Ндиди го направил своето деби за клубот на 7 јануари 2017 година, во победата со 2–1 против Евертон во третото коло од ФА Купот. Својот прв настап во Премиер лигата го имал на 14 јануари 2017 година, против Челси на домашен терен во поразот од 0–3. Во повторениот натпревар од четвртото коло на ФА Купот против Дарби Каунти на 8 февруари 2017 година, Ндиди влегол во игра во првото продолжение и го постигнал својот прв гол за Лестер со удар од далечина помагајќи му на својот тим да победи со 3-1 и да се пласира во следната рунда. Во победата со 3–1 над Ливерпул на 27 февруари 2017 година, Ндиди освои 11 од неговите 14 дуели, подобар од него во тој сегмент бил само Н'Голо Канте од Челси кој остварил 14 добиени дуели против истиот клуб во јануари.
На 16 декември 2017 година, Ндиди бил исклучен за првпат во својата кариера за време на поразот на лисиците на домашен терен со 3-0 од Кристал Палас. Тој го постигнал првиот гол за сезоната 2019–2020 во ремито против Челси на отворањето на новата сезона во Премиер лигата на 18 август 2019 година. На 13 септември 2020 година, Ндиди го започнал воведниот натпревар на Лестер Сити во Премиер лигата за сезоната 2020-2021 играјќи како централен дефанзивец и помогнал тимот да одржи чиста мрежата во победата со 3–0 на гостувањето кај Вест Бромвич Албион. Ндиди претрпел повреда на адукторот на 20 септември 2020 година и бил отсутен од 6 до 12 недели. Тој се вратил во акција на 3 декември во поразот на Лестер од Зорија Луганск во Лига Европа.
На 19 јануари 2021 година, Ндиди го постигнал својот прв гол за сезоната 2020-2021 во победата на лисиците со 2-0 над Челси. Победата му помогнала на Лестер да избие на првото место на табелата во првенството. На 15 мај 2021 година, Ндиди го започнал и го одиграл до крај финалето на ФА Купот, во кое Лестер ја освоил титулата совладувајќи го Челси со 1-0 со голот на Јури Тилеманс.
Репрезентативна кариера
Како тинејџер, тој бил повикан да игра за репрезентацијата на Нигерија под 17 години. Сепак, додека го играше африканското првенство за играчи под 17 години со Нигерија, тој бил исклучен заедно со уште двајца играчи од натпреварувањето како мерка на претпазливост, по тестот за возраста на МНР што сугерирал дека е малку над прагот.
Како и да е, тој се придружил на своите соиграчи во тимот под 20 години следната година, формирајќи ја основата на средниот ред. Тој бил повикан во сениорската репрезентација на Нигерија на 8 октомври 2015 година, дебитирајќи на пријателскиот натпревар против и играјќи повторно неколку дена подоцна во победата од 3-0 против , кога го заменил Џон Оби Микел во 63-тата минута.
Во 2016 година, тој бил избран на поширокиот список од 35 играчи за Летните олимписки игри 2016. Сепак, тој не се нашол на конечниот список на играчи кои настапиле на турнирот.
Во мај 2018 година, тој бил избран во поширокиот состав од 30 играчи на Нигерија за Светското првенство 2018 во Русија. Ги одиграл сите три натпревари на својата земја во групната фаза.
Следната година, тој бил вклучен во тимот на Super Eagles кои настапил на Африканскиот куп на нации 2019. Ндиди ги одиграл сите натпревари помагајќи и на Нигерија да го освои третото место.
На 25 декември 2021 година, Ндиди бил избран во 28-члениот тим на Нигерија за Африканскиот куп на нации 2021 од страна на привремениот селектор Аугустин Егуавон.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика на кариерата Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 27 јануари 2022.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол јан.-јун. 2015 Генк ПЛ 1+5Плејоф 0 КБ 0 0 - - - - - - 6 0 2015-2016 ПЛ 26+12 1+3 КБ 5 0 - - - - - - 43 4 2016-јан. 2017 ПЛ 19 0 КБ 3 1 ЛЕ 126 настапи во квалификациските кола. 22 гола во квалификациските кола. - - - 34 3Вкупно Генк 46+17 1+3 8 1 12 2 - - 83 7 јан.-јун. 2017 Лестер сити ПЛ 17 2 ФА Куп+ЛК 2+0 1+0 ЛШ 4 0 - - - 24 3 2017-2018 ПЛ 33 0 ФАКуп+ЛК 3+2 1+0 - - - - - - 37 1 2018-2019 ПЛ 38 2 ФАКуп+ЛК 0+2 0 - - - - - - 40 2 2019-2020 ПЛ 32 2 ФАКуп+ЛК 3+4 0 - - - - - - 39 2 2020-2021 ПЛ 26 1 ФАКуп+ЛК 6+0 0 ЛЕ 4 0 - - - 36 1 2021-2022 ПЛ 13 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0 ЛЕ 4 1 КШ 1 0 36 1Вкупно Лестер Сити 159 7 24 2 12 1 1 0 196 10Вкупно во кариерата 222 11 32 3 24 3 1 0 279 17
Титули Клупски Лестер Сити ФА Куп : 1 2020-2021 ФА Комјунити Шилд : 1 2021
Наводи
Надворешни врски
Вилфред Ндиди на soccerway Вилфред Ндиди на transfermarkt Вилфред Ндиди на espn Вилфред Ндиди на whosocred
Категорија:Живи луѓе Категорија:Нигериски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Генк Категорија:Фудбалери на ФК Лестер Сити Категорија:Фудбалери на ФК Бешикташ Категорија:Родени во 1996 година