Манастир Есфигмен () е православен манастир во монашката држава Света Гора во Грција, посветен на Вознесението Христово. Изграден е веднаш до морето на северната страна на Светогорскиот Полуостров. Сместен е во близина на манастирот Хиландар, и се наоѓа најсеверно од сите светогорски манастири. Сегашниот манастир датира од 10-от век, додека според преданието тука постоел манастир уште од 5-от век. Есфигмен се наоѓа на 18 место во хиерархијата на светогорските манастири. Се смета за едно од најконзервативните монашки братства на Света Гора.

Наводи

Категорија:Света Гора Категорија:Дела на Галачишката школа