Наградата „Матија Бан“ се доделува за постигнати резултати во работата и унапредувањето на стопанството, науката, културата, спортот, образованието и воспитанието, здравството, социјалната и детската заштита во областа на уметноста, како и за зачувување и заштита на животна средина на општина Чукарица. Наградата за првпат била востановена во 1998 година.
За наградата Наградата на градската општина Чукарица „Матија Бан“ се состои од повелба, плакета и парична награда, односно уметнички слики, пригодни статуи, книги и др. Наградата јаврачува претседателот на градската општина Чукарица.
Наградата се доделува во чест на Матија Бан, професорот на Лицеја, политичар и дипломат, кој живеел во делот на Белград кој сега по него го носи името Баново Брдо.
Матија Бан дошол во Белград во 1844 година, каде станал воспитувач на децата на кнезот Александар Караѓорѓевиќ. Ги водел работите на националната пропаганда, бил член на Српската кралска академија, а во исто време еден од најплодните српски писатели. Тој е основач на политичката програма за национално обединување и ослободување на Јужните Словени. Во 1847 година го покренал и првото женско списание - Воспитател женскии, кое било наменето за „убавиот пол на јужнословенските народи“.
Делот од Белград кој денес се вика Баново Брдо според австриските географски карти од почетокот на 19 век се нарекувало Репишко Брдо, подоцна Ордија (тур. место каде се собира војската) и Голо Брдо. Во 1861 година, Матија Бан поднел молба до белградската општина да му се продаде земјиштето на „ридот далеку надвор од Белград“ за да таму изгради убав и пристоен летниковец во српски стил. Советниците одлучиле да му гопоклонат бараното земјиште, сметајќи дека овој голем патриот го заслужил. По него целиот крај го добил името Бановац, а по неговата смрт во 1903 година - Баново брдо.
Добитници на наградата мини|Наградата која му била доделена на Драган Колунџија, дел од неговиот легат во Адлигат 1995 година
Драган Колунџија, од област на културата Бранислав Бојиќ, од област на уметноста Младен Ѓуровиќ, од област на уметноста
1997 година
д-р Владимир Грбиќ, од област на науката д-р Бранислав Јовановиќ, од област на науката Ратко Вулановиќ, од област на уметноста
1998 година
Сава Стекиќ, од област на културата Градимир Стојковиќ, од област на културата
1999 година
Бојан Димитријевиќ, од област на науката Галерија '73, од област на културата Камерен оркестар „ Pro classica “, од област на уметноста
2000 година
Драгомир - Драган Милеусниќ, од област на уметноста Слободан Д. Петковиќ, во област на културата Национална библиотека „Лаза Костиќ“ од област на културата
2001 година
Мирослав Дерета, од област на културата Јован Радуловиќ, во област на уметноста и културата Радио 988, од област на културата
2002 година
д-р Милан Новаковиќ, од област на науката и културата Првослав Митиќ, во област на културата и уметноста Томислав Грујичиќ, за достигнувања во област на културата и уметноста
2003 година
Мирослав Бјелиќ - Бјанки, од област на уметноста Ансамбл „Има дана“, од област на уметноста
2004 година
Миќа Стојановиќ, од област на економијата, воспитанието и образованието Духомир Цветковиќ, од област на културата и образованието
2005 година
Драгољуб Шарковиќ, од област на образованието Дом за деца со ментална попреченост, од област на здравствената, социјалната и детската заштита
2006 година
Бора Дугиќ, од област на културата и уметноста
2007 година
Светислав Басара, од област на културата и уметноста д-р Божидар Станишиќ, од област на здравствената, социјалната и детската заштита
2008 година
Нада Кнежевиќ од област на културата и уметноста
2009 година
Милка Стојановиќ и Живан Сарамандиќ, од област на културата и уметноста Предучилишна установа „Чукарица“, од област на здравствената, социјалната и детската заштита
2010 година
Срѓан Гојковиќ Гиле, од област на музичката уметност
2011 година
Предраг Цуне Гојковиќ, од област на уметноста Ѓорѓе Кадијевиќ од област на уметноста Миодраг Ѓелмаш, од област на спортот
2012 година
Лола Новаковиќ, од област на музичката уметност
2013 година
д-р Злата Бојовиќ, од област на културата и образованието
2014 година
Ѕвездан Брадиќ Милован Вржина Веселин Џелетовиќ
2015 година
Културно уметничко друштво „Димитрије Туцовиќ“, од област на културата и уметноста
2016 година
Неџа Стојановиќ Горан Зец
2017 година
Небојша Радовановиќ
2020 годинаМАТИЈУ БАНА ДОБИЛИ ЂОКИЋ И САРАМАНДИЋ: Одржана је свечана седница Скупштине градске општине Чукарица („Вечерње новости”, 25. децембар 2020)
Љубомир Сарамандиќ Бранимир Ѓокиќ
Наводи
Литература
Посетено на 14. 10. 2016.
Категорија:Српски награди