Арсениј Јовков (25 март 1884 — 14 септември 1924) — македонски револуционер, киносценарист и публицист.

Животопис Роден е во селото Селци, Струшко, на 25 март 1884 година. Тој е син на Атанас (Танасков) Јовков кој долги години се борел против месните бегови, а негов вујко бил писателот Војдан Чернодрински. Се образувал и завршил гимназија во Битола. Уште како ученик во Битолската гимназија, некаде околу 1900 година, почнал да пишува поезија, речиси истовремено со својот соселанец, Војдан Чернодрински.

мини|лево|Филмот „Македонија во слики“. Во пресрет на Илинденското востание, во престрелка со Турците, загинал таткото на Арсениј. Сè уште средношколец, Арсениј се враќа во Дебарско и влегува во Македонската револуционерна организација. Во 1903 година учествува во Илинденското востание како секретар на војводата Тасе Христов. Се бори во Дебарца и Кара Осман, а по загинувањето на неговиот брат Нико Јовков, Арсениј станува војвода на неговата чета. По востанието емигрирал во Бугарија.

Јовков е првиот македонски филмски сценарист, според чие сценарио е снимен документарниот филм „Македонија во слики“ во 1923 година. Автор е и на сценариото за играниот филм „Илинден“.„Вечер“ бр. 14283, 24.12.2009: „Арсениј Јовков е најавтентичниот литературен глас на Илинден“

Убиен е во познатите септемвриски Горноџумајски атентати.

Надворешни врски Кратка биографија Животопис на Struga.org Македонија во слики (1923) на YouTube

Извори

Категорија:Луѓе од Селци Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски сценаристи Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски публицисти Категорија:Родени во 1884 година Категорија:Починати во 1924 година Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Погребани на Централните софиски гробишта Категорија:Учесници во Илинденското востание