мини|Своевремено печатено известување за Пожунскиот мир Четвртиот Пожунски мир (исто така познат како Пожунски договор; Братиславски мир и Пресбуршки мир; ; ) бил потпишан на 26 декември 1805 година во Пресбург (Пожуна, денешна Братислава). Потписници биле францускиот император Наполеон Бонапарт и светиот римски цар Франц II. Договорот се потпишал по француските победи над Австријците кај Улм (25 септември – 20 октомври) и Аустерлиц (2. декември). На 4 декември било договорено примирје и започнале преговорите за договорот.
Покрај клаузулите за воспоставување на „мир и пријателство“ и повлекувањето на Австрија од Третата коалиција, договорот, исто така, наложувал значајни територијални отстапки од Австриското Царство. Француските придобивки од претходните договори од Кампо Формио и Луневил биле во содржината и на Пожунскиот мировен договор, а неодамнешните австриски освојувања во Италија и јужна Германија ѝ биле отстапени на Франција и Баварија, соодветно. Австриските поседи во Швабија биле предадени на француските сојузници: Виртембершкиот крал и електорот од Баден, а Баварија ги добила Тирол и Предарлска. Австрија безусловно се откажала од претензии кон тие германски држави. Венеција, Истра и Далмација биле придодадени кон Кралството Италија, на чие чело како крал застанал Наполеон (истата година претходно). Аугсбург, кој претходно бил независен Слободен царски град, ѝ бил отстапен на Баварија. За компензација, Австриското Царство го анектирала електоратот Салцбург, кој бил под хабсбуршка власт од 1803 година. Електорот, братот на австрискиот цар, како компензација го добил Големото Војводство Вирцбург . мини| Палатата на Приматот, каде бил потпишан Пожунскиот мир Императорот Франц II, исто така, ги признал царските титули преземени од електорите на Баварија и Виртемберг, кои го навестувале крајот на Светото Римско Царство. Неколку месеци по потпишувањето на договорот и откако Наполеон создал нов ентитет, Рајнскиот Сојуз, Франц II се откажал од титулата цар на Светото Римско Царство и станал цар на Австриското Царство со титула Франц I од Австрија. Во договорот било предвидено и обесштетување на Франција од 40 милиони франци.
Поврзано Битка кај Улм Битката кај Аустерлиц Војна на Третата коалиција
Наводи
Надворешни врски Целосен текст (На француски)
Категорија:Европа во 1805 година Категорија:Војна на Третата коалиција Категорија:Мировни договори на Австрија Категорија:Мировни договори на Франција Категорија:Односот меѓу Франција и Светото Римско Царство Категорија:Историја на Братислава Категорија:Мировни договори на Светото Римско Царство Категорија:Мировни договори на Австриското Царство Категорија:Мировни договори во Наполеоновите војни