Златарско сирење во ќебенце — кулинарски специјалитет во западна Србија и идеален и богат оброк за појадок, кој брзо се подготвува и служи за членовите на семејството или гостите на трпезите на жителите на Златар. Главната состојка на ова јадење е автохтоното висококвалитетно, полномасно Златарско сирење направено од кравјо млеко. Се служи како топло или ладно јадење со чинија кисело млеко .

Состојки Главните состојки за приготвување на ова јадење се тестото и филот - кои покрај Златарското сирење како главна состојка, ги сочинуваат и во табелата наведените намирници. Главните состојки за подготовка на Златарско сирење во ќебе Тесто Полнење 500 мл топла вода 650 грама меко брашно (повкусно е ако ставите 30% брашно од хелда) 1 кесичка прашок за печиво 2 лажички готварска сол масло за премачкување и пржење 400 грама Златарско сирење

Начин на подготовка Овој специјалитет на Златарско сирење и тесто се подготвува така што првин, во соодветен сад за месење тесто се прелива 500 мл топла вода, се додава 650 грама брашно измешано со сол и прашок за печиво и добро се мешаат сите состојки за да се добие мазно, компактно тесто.

Од замесеното тесто се формираат јуфки (топчиња од тесто) кои се оставаат да отстојат најмалку 15 минути на собна температура. Откако ќе созрее јуфката, истата се замесува со сукало во тенка кора, на добро набрашнета површина.

Во следната фаза на подготовка, врз развиената кора од тестото се посипува претходно издробеното Златарско сирење, а потоа тестото се завиткува во ролат.

Тестото со остар нож се сече на ролати широки два до три прста, а на краевите убаво се стискаат за да се залепат, како полнењето не би испаднало нанадвор при понатамошната обработка на ролатчињата.

Ролатчињата потоа се формираат во топчиња, кои потоа се оставаат на страна, додека не бидат подготвени сите ролатчиња.

Кога сите ролатчиња ќе се формираат во топчиња, делот од работната површина се чисти од брашно, потоа се премачкува со масло во тенок слој. На подготвената подлога, топчињата од тестото лесно се плескаат со рака и се намачкаат со неколку капки масло.. После тоа, топчињата се развиваат со сукало (на подмачкана површина) во мали ќебенца и се засечуваат со два паралелни засеци со остар нож на средината на ќебето.

Вака подготвените ќебенца се пржат во тавче на длабоко масло додека не добијат златно-жолта боја.

Начин на послужување Се послужува во чинија во топла или ладна состојба со кисело млеко.

Извори

Надворешни врски Рецепт - Златарско сирење во ќебенце

Категорија:Српска кујна