Стефан Драшковиќ (роден на 27 јули 1989 година) е професионален српски фудбалер кој настапува на позицијата како дефанзивец. Настапува во тимот на ФК Слога од Краљево.

Клупска кариера

Слога Краљево Стефан Драшковиќ е роден во Краљево. Тој бил производ на младинската академија на клубот на Слога од Краљево. Својот прв натпревар за сениорскта екипа на Слога го имал во сезоната 2006–07. Одиграл вкупно 5 натпревари во првата сезона. Во сезоната 2007-2008, Стефан одиграл и некои натпревари како што е дербито против градскиот ривал Металац Трговачки од Краљево. За време на зимската пауза, надвор од сезоната, Драшковиќ одиграл пријателски натпревари, против екипите на Нови Пазар, и Металац од Горњи Милановац. Потоа со првиот тим отпатувал на подготовки во Охрид, и таму одиграл и неколку натпревари во подготвителниот период. До крајот на сезоната настапил уште на неколку лигашки натпревари, и тоа против тимовите на Мачва од Шабац, Јединство Уб, и Слобода од Ужице. Настапил и во финалето на Купот на градот Краљево, против Металац Трговачки, и во финалето на Купот на округот Рашка, против екипата на Јошаница.

Мачва, Металац и Синѓелиќ Драшковиќ подоцна се преселил во екипата на Мачва од Шабац и тоа во сезоната 2008–09. До крајот на сезоната одиграл 24 првенствени натпревари. По сезоната која ја минал во Шабац, тој се вратил во родното Краљево, но овојпат во екипата на Металац Трговачки. За новиот клуб одиграл вкупно 22 натпревари во лигашкиот дел во сезоната 2008-09. Настапувал против Морава од Велика Плана, Слога од Пожега, Вујиќ Вода од Ваљево, на пријателски натпревар со градскиот ривал Слога, на натпревар против Јединство Уб и со екипата на Слога Петровац на Млав. По настапите во екипата на Металац Трговачки, извесно време поминал и во екипата на Радник Бијелина. Во 2011 година се приклучил на екипата на Синѓелиќ од Ниш. Во првиот дел од сезоната бил резервен избор, но во вториот дел од сезоната играл многу поконстантно. Во сезоната 2011–12 одиграл 14 натпревари во лигата и 1 куп натпревар и притоа постигнал 1 гол.

Враќање во Слога Краљево Во сезоната 2012–13, Драшковиќ се вратил во клубот на Слога од Краљево. На почетокот не бил стандарден во тимот. Бил резервен играч сѐ до моментот кога се повредил Зоран Марушиќ во втората полусезона. Подоцна тој бил стандарден во екипата заедно во пар со Немања Милетиќ. Драшковиќ настапил на 11 лигашки натпревари и постигнал 1 гол. Настапил и на натпреварот од Лав купот, кој тимот на Слога го загубила со резултат 5:0.

Драшковиќ и Милетиќ биле едни од најдобрите одбранбени тандем играчи во лигата во првата полусезона. Екипата на Слога победила на сите 7 домашни натпревари, а тие двајца биле најважните играчи во тимот. Стефан одиграл 14 првенствени натпревари, а на еден не настапил поради добиени жолти картони. Тоа бил натпреварот од Лав купот против екипата на Војводина. Во зимската пауза, Драшковиќ се преселил во екипата на Борац од Чачак, заедно со соиграчот Дејан Радосављевиќ.

Борац Чачак Драшковиќ потпишал со екипата на Борац од Чачак за време на зимската пауза. По повредите на Марио Маслаќ и Иван Ѓоковиќ, Драшковиќ и Лазар Обрадовиќ биле стандардни стопери до крајот на сезоната. По завршувањето на натпреварите екипата на Борац од Чачак се квалификувала во Српската Суперлига.

Својот прв натпревар во Суперлигата Драшковиќ го имал на натпреварот во третото коло против екипата на Чукарички, заменувајќи го Александар Гојковиќ во 80 минута од натпреварот. Тој ја завршил сезоната со вкупно 1 натпреевар, против Младост од Лучани со одиграни 90 минути и еден во купот против екипата наЦрвена ѕвезда од Белград. Настапувал во тандем со фудбалерот Немања Милетиќ.

Во сезоната 2015–16, Драшковиќ започнал како резервен играч на играчите Милетиќ и Јаблан. Првото појавување во сезоната го имал на 11тиот натпревар. На тој натпревар влегол како замена од клупата. Следните три натпревари тој бил стартер во тимот. Во 12тиот натпревар играл во тандем со Јаблан, додека Милетиќ го менувал Танасин како десен бек, но по црвениот картон на Јаблан и исклучувањето со жолтите картони на Милетиќ. Наредниот натпревар Драшковиќ го започнал во линија со играчот Обрадовиќ. Поради црвен картон, Јаблан пропуштил уште еден натпревар, а Драшковиќ во 14то коло го започнал со третиот по ред различен партнер. Навивачите го наградиле со огромен аплауз за посветеноста на играта и деталите кога Борац од Чачак ги победил сите натпревари. На последниот натпревар пред зимската пауза во тековната сезона против екипата на Партизан, по суспензијата на Милетиќ и Јаблан, Драшковиќ го започнал натпреварот во тандем заедно со Стефан Ѓорѓевиќ. Ѓорѓевиќ му бил четвртиот партнер на стоперската позиција. На 18 декември 2015 година, Стефан го продолжил договорот со екипата на Борац во траење од 2 години.

На првиот натпревар од сезоната 2016–17 во српската Суперлига, Драшковиќ бил заменет по повредата од Марио Маслаќ во 34 минута. Тоа бил натпреварот против екипата на Металац од Горњи Милановац. Драшковиќ во 6-от натпревар против екипата на Нови Пазар го постигнал својот прв гол за клубот. На истиот натпревар тој добил црвен картон. Драшковиќ го постигнал својот втор гол во сезоната против екипата на Јавор од Ивањица. Овој натпревар бил во 10то коло од Суперлигата, одигран на 25 септември 2016 година. Драшковиќ бил номиниран и за играч на натпреварот, а се промовирал за најдобар стрелец на тимот. Во 23то коло од сезоната против екипата во натпреварот против тимот на Партизан, Драшковиќ го предводел тимот како капитен. Откако поднел обвинение против клубот за неисплатени плати, добил раскин на договорот на штета на клубот. По завршувањето на сезоната тој го напуштил тимот на Борец од Чачак.

Дачија од Кишињев На 15 јуни 2017 година, Драшковиќ потпишал едноиполгодишен договор со молдавската екипа Дачија од Кишињев. Својот прв натпревар за новиот клуб го одиграл на 29 јуни 2017 година во првото квалификациско коло на УЕФА Лига Европа 2017-18 против тимот на Шкендија од Македонија. Драшковиќ својот прв натпревар во молдавската национална дивизија го одиграл на 9 јули 2017 година во победата со 1:0 на гостински терен против екипата на Сфантул Георге. Драшковиќ се повредил на третиот натпревар против екипата на Милсами, каде бил заменет во второто полувреме. Повредата била со фрактура на лицето. Се вратил во тимот на 30 септември 2017 година за натпреварот против истиот противник.

Враќање во Борац Чачак На почетокот на 2018 година, Драшковиќ се вратил во Борец од Чачак, но не добил дозвола да игра во сезоната во Српската Суперлига 2017-18. Лиценцата ја добил на 1 март истата година.

Рудар од Пљевља Драшковиќ му се приклучил на тимот на ФК Рудар од Пљевља во летото 2018 година. Неговиот договор бил раскинат во месец февруари 2019 година.CG fudbal br. 06, fscg.me, 15 February 2019

Враќање во Слога Краљево Во пресрет на сезоната 2019-2020, Драшковиќ се вратил во клубот на ФК Слога од Краљево и станал капитен на тимот.KAPITEN ZOVE NAVIJAČE, srbijasport.net, 23 August 2019Sloga Kraljevo squad at Srbijasport, srbijasport.net

Статистика во кариерата

+Одиграни натпревари и постигнати голови во различни тимови, сезони и натпревариКлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариДруги натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиСлога од Краљево2006–07Српска Лига Запад50———502007–0840——2060Вкупно90——20110Мачва од Шабац2008–09Српска Лига Запад240———240Металац трговски2009–10220———2202010–11Морава Зона Лига30———30Вкупно250———250Сингелиќ од Ниш2011–12Српска Прва Лига14110——151Слога од Краљево2012–1311110——1212013–1414010——150Вкупно25120——270Борец од Чачак2013–14Српска Прва Лига120———1202014–15Српска СуперЛига4010——502015–1615030——1802016–1731220——3322017–1860———60Вкупно68260——742Дачиа Кишињев2017Молдавска национална дивизија900020—112Вкупно во кариерата17449020201874

Наводи

Надворешни врски Статистика на Стефан Драшковиќ на utakmica.rs

Категорија:Српски фудбалери Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1989 година